Nokaut Unplugged Vol 2.

Мислам дека не е случајно што првата објава на мојот блог е за концертот на Нокаут. Изгледа така требало да биде.

Завчера во Универзална Сала се оддржа првиот од двата концерти насловени „Nokaut Unplugged“. На ова јас би додала и vol.2, бидејќи овој концерт е вистинскиот наследник на оној од 2007 и совршено продолжение.

20141217_213133

Во интимната атмофера на Универзална Сала, Нокаут, во состав Никола Перевски – Пере (вокал), Владимир Крстевски – Франц (гитара), Благоја Антовски (тапани), Бојан Перевски (перкусии и пратечки вокали), Борче Кузмановски (пиано), Виктор Николовски (бас), Горјан Петровски (гитара), Михаела Перевска (пратечки вокали) и Горан Караваков (саксофон), ги отсвиреа своите најголеми хитови, како и песните од новиот албум. Публиката во еден глас ги пееше „Временска Машина“, „Би се викал Те Сакам“, „Мене ми припаѓаш“, но и поновите „Знаеш каде да ме најдеш“, „Танго“ и „Добро утро будење“.

За Нокаут може да се каже се, но дека не се добри и професионални музичари – не! Тие се навистина дел од најдоброто на нашата сцена, а нивната музика е направена токму за ваков тип на изведба.

20141217_213127

Нивните гости дадоа посебен шмек на целиот концерт – Тони Зен, со кој ја изведоа заедничката „Исти“; Мио од ДНО („Одиме до крај“, „Очи боја бадеми“); легендарните Last Expedition, кои се претставија со две песни, од кои една култната „Шефе“, која ја изведоа во полн состав. Како јаготка на шлагот беше појавувањето на маестро Игор Џамбазов, со кој покрај веќе познатите „Диши длабоко“ и „Во бестрага“ изведоа и “нова“ песна, напишана пред 15 години, а сега пронајдена во студиото на Пере, со наслов „Понекогаш“.

20141217_222631
Се на се маестрален концерт на маестрална екипа. Концерт кој долго ќе се памети! Момци, јас ви симнувам капа!

Фотографии: Мартина Јанеска (текст) и Васил Буралиев (насловна)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s