Рецензија: Bита Бревис – Јостен Гордер

Целиот наслов на оваа книга е Вита Бревис: Писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин. Ова е четвртата книга од Јостен Гордер која ја имам прочитано и по секое читање сум останувала без зборови. Така и овој пат.

ADI0036

Како што и самиот наслов кажува тоа е писмо на Флорија Емилија, љубовницата на Августин, до самиот Августин. Во писмото таа зборува за неговите „Исповеди“ од гледиштето на нивната љубовна врска. Таа ги искажува своите, доста напредни, ставови за христијанството (местото на жената во христијанскиот свет, гледиштата на црквата, вербата и интелектуалноста) и љубовта (телесната наспроти духовната љубов, ставот на Бог кон љубовта која ја искусуваат тие што создал). Пророчки ги изрекува и зборовите: „Намовнувам, бидејќи се плашам дека ќе дојдат денови кога обичните мажи од црквите ќе ги убиваат жените каква што сум јас.“

Вештината на Гордер е во тоа што од самиот почетокот, од воведот за неговото „пронаоѓање“ на тоа писмо на латински, не убедува дека станува збор за вистинско писмо напишано некаде околу V век п.н.е. и дека тој е само негов пренесувач. Гордер во времето пред почетокот на црниот Среден век сместува феминистички лик, интелегентна жена, која да постоела, со својата храброст и размислување би го потресла светот во кој постоела.

Оваа книга е задолжително четиво и се чита во еден здив!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s