Проект 150

Ете ја и првата објава за годинава 😀 Нека ни е убава и бириќетна, полна со љубов и среќа.

Јас оваа година одлучив да ја започнам со еден проект кој си го нареков „Проект 150“. Имено од пред 2 години на Facebook почнав да поставувам фотографии од филмови кои сум ги погледнала во албум наречен “TV Series/Film Diary 201x“. Првиот беше за 2012/13, а вториот само за 2014. Идејата ја превземав од една моја пријателка на Facebook, на чие име не можам да се сетам во моментов.

Во 2014 успеав да стигнам до бројката од 103 филмови и серии. Веројатно се и повеќе, заедно со прегледувања и филмови кои сум заборавила да ги објавам, но секако мојата цел, која беше да изгледам 100 филмови/серии, е постигната. Според тоа што успеав да го избројам од тие 103, 10 се серии кои се или изгледани или е започнато со нивно гледање во таа година. Значи 93 филмови.

За оваа година предивикот или „Проект 150“ гласи: Да изгледам 150 филмови/серии и за барем поголем дел од нив да напишам рецензија на овој блог. Се надевам дека ќе го следите мојот “подвиг“. Наскоро рецензија за првиот филм за годинава “Gone Girl”.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s