Рецензија: Изгубена девојка (Gone Girl)

„Изгубена девојка“ (Gone Girl)

режија: Дејвид Финчер (David Fincher)
сценарио: Џилијан Флин (Gilliian Flynn) според нејзината книга
главни улоги: Бен Афлек (Ben Affleck), Розамунд Пајк (Rosamund Pike), Нил Патрик Харис (Neil Patrick Harris) и други
продукција: САД / драма, мистерија, трилер / 2014 година / 149 мин
оцена: 4.5/5
реден број во „Проект 150“: 1 (https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10205671610574183&set=a.10205671609414154.1073741850.1372127848&type=3&theater)

„Главното обележје на социопат е недостатокот од емпатија.“ Вака една од репортерките во филмовите го аргументира својот “случај“ против Ник Дан (Nick Dunne), бивш новинар во Њујорк и професор по креативно пишување во Мисури, кој е осомничен за убисвото на својата жена Ејми Дан (Amy Dunn), која изчезнува на денот на нивната петта годишнина од брак. Иако нивниот брак однадвор изгледал совршено, се покажува на тоа дека изгледот лаже. Случајот против Ник е скоро совршен – соседите велат дека ја злоупотребувал, ја изневерувал со една од своите студентки, во долгови е и има полиса на нејзиниот живот. Сепак не се е како што изгледа. Ник е најмалку виновниот во целата ситуација, но постои само еден проблем. Ејми никаде ја нема.

GONE GIRL, from left: Ben Affleck, Rosamund Pike, 2014. ph: Merrick Morton/TM & copyright ©20th

GONE GIRL, from left: Ben Affleck, Rosamund Pike, 2014. ph: Merrick Morton/TM & copyright ©20th Century Fox Film Corp. All rights reserved/courtesy Everett Collection

Ова е филм кој ќе ве подигне и ќе ве тресне од земја. Сложениот и совршено осмислен свет Џилијан Флин успешно успеала да го преточи во сценарио кое ќе ви ја смрзне крвта. Секоја реплика и дејство е внимателно осмислено и целно води кон завршница која никој не ја очекува. Самиот тек на филмот е таков што главниот, и најнеочекуван пресврт, се наоѓа кон средината на филмот. Вистинскиот социопат, психопат, е всушност Ејми. Таа е паметна, ладнокрвна и прави се за да ги оствари своите цели, па дури и убива. Нејзината цел е само нејзината среќа и нејзиниот имиџ во јавност. Секој кој ќе се испречи на патот – плаќа.

gone-girl-01_1485x612

Глумата на Бен Афлек и Розамунд Пајк е совршена и нивните ликови се живи на платното доловувајќи една реалност за бракот и врските која можеби се крие секаде околу нас, а ние одбиваме да ја видиме. Тука е Нил Патрик Харис, како сеуште надежното поранешно момче на Ејми, Деси Колингс (Desi Collings)  кое сеуште се надева дека ќе ја добие назад, одбивајќи да ја увиди нејзината манипулативна природа. Тој е совршена противтежа на Ник, а актерот покажува вештина која ретко ја гледаме на големото платно.

Од другите ликови се издовјуваат Кери Кун (Carrie Coon) како Марго Дан (Margo Dunn), сестрата близначка на Ник и негова најголема поддршка во текот на целиот процес, и Ким Дикенс (Kim Dickens) како детективката Ронда Боуни (Rhonda Boney), гласот на рационалноста, кој ги следи доказите каде и да водат и една од ретките која на крајот ќе ја проѕре глумата на Ејми.

32b74-gone-girl-1

Ова е филм за сите кои сакаат психолошки трилер и ги фасцинира длабочината на човечката психа и за што се сме длабоко во себе спосбни. Единствената маана му е можеби што е долг, два часа и дваесет минути, должина која на некој начин не соодветствува на тежината на филмот. Меѓутоа е сепак разбирлива поради опсежноста на приказната.

„Јас сум пичката за којашто се омажи! Единствено си се допаѓаше себеси кога се обидуваше да бидеш некој кој би и се допадал на оваа пичка. Јас не се откажувам…. е таа пичка сум јас!“

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s