Босна за Македонија – Дубиоза Колектив @ Автономна Зона

Пред три дена во скоро прогласената „Автономна Зона“ на Филолошкиот и Филозофски Факултет од Скопје, како предводник, на кој потоа му се придружија и останатите факултети од УКИМ (Шумарски Факултет, Архитектонски и градежен факултет, техничките факултети итн.) се оддржа концерт за поддршка од познатата босанска група Дубиоза Колектива.

IMG_6907

Момците сосема изненадно, но целосно добредејдено, дојдоа со својата музика да ги поддржат и мотивираат на уште поголема акција студентите кои ја градат оваа Автономна Зона. На шега рекоа и дека го поканиле министерот Адеми, но тој не можел да дојде поради „медицински причини“. Тие порачаа и дека студентите треба да останат храбри и да го продолжат тоа што го прават, бидејќи се револуционери.

IMG_6924

Дубиоза Колектив ги изведе некои од своите најголеми хитови „Кажу“, „Кокуз“, „Волио БиХ“, „Први Мај“ итн. Тематиката на овие песни целосно одговара на борбата која во моментов се води на тлото на универзитетите. Борба против лошите авторитети и одлуките на власта, борба за слобода и автономија.

IMG_6950

Студентите кои беа дојдени пред платот на Филозофскиот и филолошкиот факултет пееја во еден глас и изгледаа посполотени од било кога. Уште еден од доказите дека музиката е сила која има моќ да направи чуда.

IMG_6965

Како поддршка од домашните бендови беа тука Bernays Propaganda и ПМГ Колектив, кои исто така ја изразија својата поддршка за студентите. Тие беа и доволно “љубезни“ да ја позајмата својата опрема (тапани, озвчување) на гостите од Босна.

IMG_6990

Надежта е нешто што свети силно во вакви моменти. Надеж дека на крајот сепак не е се така црно и дека постои нешто добро на овој свет. Со вакви моменти, во оваа Автономна Зона, ние го докажуваме тоа секој ден. Ова е воедно и повик за сите кои се заинтересирани да го дадат својот придонес за Автономната Зона. Има по нешто за секого. Изберете и придружете ни се.

IMG_6955

Повеќе фотографии тука.

Фотографија: Мартина Јанеска 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s