Елитизам и ренесанса

Минатата сабота Скопско организираше промотивна забава со Фолтин како дел од нивната кампања „Скопско звучи супер“ во кафулето Излет. јас и мојот дечко, двајцата големи фанови на Фолтин, со голема радост и исчекување се појавивме околу девет часот, времето кога беше закажана забавата, само за на вратата да ни кажат дека (наводно) местото се исполнило уште во осум часот и сега можеле да влезат само тие кои имаат покани.

Јас бев, и се уште сум, изненадена дод таа изјава, бидејќи од мое искуство знам дека во Македонија ретко кој доаѓа еден час пред закажаниот почеток на некој настан. Најчесто скоро сите доаѓаат еден час подоцна.

И сето ова немаше да биде толку голем проблем и трн во моето око да беше однапред нагласено дека местото има ограничен капацитет и дека треба да дојдеме порано. Или дека треба да резервираме. Или дека за забавата се потребни покани и дека не е од отворен тип. Ништо од ова не беше објаснето или објавено на настанаот на Facebook ниту на порталите кои ја споделија веста.

Сигурен сум дека многу големи (не би сакала да речам вистински затоа што со тоа и јас би западнала во елитизам и ароганција) фанови останаа пред вратите на Излет таа вечер, меѓу кои и јас, мојот дечко и група наши пријатели.

Скама јавно да прашам која е смислата на промотивна забава со ограничен пристап? И зошто тој селективен, елитистички пристап кон тоа кој ќе присуствува? Треба ли да сме “дискриминирани” ние кои штедиме за да го слушнеме и видиме омилениот бенд и веројатно ќе купиме само едно пиво, чувајќи пари за автобус или такси, наспроти некој кој ќе купи три или повеќе пијачки, а дошол на свирката само затоа што може?

Ова не се однесува само на оваа забава, иако ја земам како повод и пример за тоа што го пишувам, туку и многу други елитистички постапки кога се работи за музиката во (како на пр. немањето meet and greet за ниеден изведувач кој доаѓа тука). Зар не е време да се свестиме и едноставно да уживаме во музиката која ни се нуди, без селекција на публиката? Јас мислам да!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s