Рецензија: Middlesex – Jeffrey Eugenides

Оцена: 5/5

Middlesex е втората книга од авторот Jeffrey Eugenides, за која тој е награден со Пулицерова награда. Дел од настаните и личностите се базирани на животот на авторот и се поврзани со неговото грчко наследство, но овој роман не е автобиографија. Eugenides одлучува да го напише овој роман по читањето на книгата Herculine Barbin незадоволен од начинот на кој се зборувало за интерсекс антомијата и емоциите поврзани со неа.

71sJpKGagtL

Middlesex е приказна за Cal, роден како Calliope Stephandies, и неговото патешествие до откривање на неговиот вистински идентитет, но и приказна за три генерации од неговото семејство и за тоа како дошло до манифестацијата на генетската состојба 5-alpha-reductase deficiency. Авторот не води од малечкото село на планината Олимп низ Мала Азија и преку океанот до Америка право во Детроит од ерата на прохибицијатa, а подоцна и на расните немири.

Романот можеме да го определиме како роман за созревањето (Bildungsroman) и како семејна сага. Во него се обработуваат теми како сексуалност, пол (разликите и сличностите меѓу мажите и жените) и улогата која општеството ја игра во обликувањето на поединецот и авторот не се плаши отворено да зборува за нив.

За целосно разбирање на приказната која овој роман ни ја носи потребен е отворен ум и ослободување од мисловните стеги на општеството.

Уште во раните фази на раскажуавње со соочуваме со првата табу тема – инцестот меѓу бабата и дедото на Cal, Lefty и Desdemona Stephanides, кои всушност се брат и сестра. Тоа е воедно и првиот катализатор за будење на заспаната мутација во гените на братот и сестрата Stephanides. Вториот е бракот помеѓу мајката и таткото на Cal, Miltion (син на Lefty и Desdemona) и Tessie (ќерка на нивната братучедка Sourmelina и Jimmy Zizmo), кои се братучеди.

Втората табу тема поимањето на полот, односно родот, и интерсекс личностите, кои исто така се нарекувани и хермафродити. Мутацијата која ја наследува Cal, која предизвикува тој да има и некои женски карактеристики, во комбинација со невниманието на лекарите, доведува до тоа тој да биде растен како девојче. Тоа е така се до пубертетот кога почнуваат да се развиваат секундарните машки полови карактеристики, а по консултацијата со познатиот сексолог Peter Luce конечно се утврдува дека Calliope е всушност Cal.

Емоциите поврзани со растењето, емоциите кои се поврзани со знаењето дека си поинаков се совршено и длабоко истражени од Eugenides. И иако нарацијата е во прво лице и би требало да бидеме скептични во тоа што Cal го кажува, ние му веруваме. И започнуваме да го разбираме и да се идентификуваме со него, затоа што во еден момент од животот сите сме се чувствувале така. Некои повеќе од другите.

Како тема која се провлекува низ романот се јавуваат и грчките обичаи и традиции, една од кои е и предвидувањето на полот на детето со лажица. Насоката во која ќе се нишала лажицата над стомакот на бремената жена го одредувала полот. Во случајот на Cal лажицата се движела од север кон југ што значело дека детето ќе биде машко. Начинот на кој се одвива оваа приказна покажува дека можеби сепак има нешто во тие стари обичаи.

Ова е епска приказна. Приказна која не само што дава увид во човечката психа, пособено онаа во турбулентните тинејџерски години, туку ни дава и слика на општеството во кое живее Cal и живееле неговите претци. Висцерално реално патуваме заедно со Cal низ сите моменти од неговиот живот, од неговото минато и неговата сегашност. Живееме низ се – од старите грчки обичаи до новите американски традиции кои се формираат во неговото семејство.

И верувајте ми, кога ќе дојде време да се збогувате со нив, душата нема да ви дава и ќе ги носите овие ликови со вас долго по читањето.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s