Рецензија: Перверзен (Kinky) – Justine Elyot

„Првото правилно на кинки (перверзен) клуб, очигледно, е дека не смее да се зборува за тој клуб. Постојат и други правила, кои се вртат околу почит и согласност – претпоставувам, основни добри манири. Не соблекуваш луѓе голи и ги камшикуваш ако тие не сакаат да го направиш тоа. Го почитуваш редот. Играш фино.“

176627518

Една од најновите книги на новата линија на Harper Collins, Mischief, е приказна за напорите на Рози, љубопитна девојка која работи во фирма за маркетинг, а еден судбоносен ден е вовлечена во авантура со мистериозниот странец, Димитри. 

Спроти зградата во која работи се наоѓа мистериозен објект, за кој таа и нејзиниот колега, Антон, постојано зборуваат и нафрлаат шпекулации за тоа што би можел да биде – од собиралиште на наркомани до клуб за проституција.

Една вечер откако ќе остане да работи до доцна, Рози забележува дека еден од прозорците на подрумот, кои инаку постојано се покриени, е осветлен. Иако кампањата на која работи треба да биде готова до утрото, таа тргнува да истражува. Но, не сѐ оди по планот.

На улицата пред зградата го сретнува Димитри, Русин кој дошол во Лондон во потрага по актерски прилики. Тој е мистериозен, секси и навистина необичен со неговите мустаќи. Тоа што ќе го видат низ прозорецот ќе ги фасцинира и маѓепса доволно за да посакаат да истражат уште.

„Перверзното Колаче“ е многу повеќе од место за среќавање на BDSM ентузијасти – тоа е простор за игра со зандани, будоари, соби за играње на улоги. Така кога Рози и нејзиниот нов пријател Димитри ќе успеат да влезат во него, мораат да ги убедат сите дека тие се вистинска BDSM двојка. Тоа не е лесно, кога се знаете со некого само неколку часа, но го даваат најдоброто до себе.

Задоволствата на доминацијата и потчинетоста се истражени, едно по едно, додека лажната динамика на Рози и Димитри не стане многу вистинска. Но колку зависи продлабочувањето на нивната емоционална врска од нивните заеднички сексуални искуства? И вистинскиот тест на нивната врска е дали можат да бидат заедно надвор од „Перверзното Колаче“ како и во неговите одаи.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s