Рецензија: Отворени Карти – Агата Кристи

Едно убиство…

Четири можни убијци…

Еден брилијантен ум кој ќе ја реши мистеријата…всушност како што и ја решава секогаш, на генијален начин кој никому не му е јасен додека тој не објасни како стигнал до решението…

723_18_26_8__27__11_2014agata

Поаро е поканет на вечера кај еминентниот господин колекционер Шаитана кој му ветува дека таа вечер Поаро ќе ја види неговата ексклузивна колекција на Убијци. На вечерата се присутни еден доктор, писателка, млада госпоѓица, полковник, како и еден полицаец. По вечерата докторот, писателката, полковникот и госпоѓицата играат партија бриџ…

Вечерта е речиси совршена сѐ до тој момент… Нивниот домаќин г-дин Шаитана е пронајден мртов.

Истражувајќи ја мистеријата Поаро открива дека секој од тие личности би можел да има мотив да го убие Шаитана. Мистерија и убиство се кријат во нивните мината.

Генијалниот Поаро на уникатен начин успева да ја реши мистеријата. Тој навлегува во психологијата на ликовите осомничени за мистериозното убиство на Шаитана.

Проучувајќи го нивниот начин на играње бриџ, начинот на кои ги запишувале резултатите и што забележале во собата успева да открие кој од нив е убиецот… Кој би рекол дека според тоа можете да дојдете до решението на една ваква загатка…

Но кој од четворицата присутни таму би можел да биде убиецот? Тоа останува на вас да прочитате и да дознаете.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s