Рецензија: Уличниот Адвокат – Џон Гришам

Мајкл е успешен адвокат кој сакаше да напредува. Работеше во огромна адвокатска фирма “Дрејк и Свини”. Неговата цел беше да стане партнер во фирмата и да заработува што повеќе пари. Тој нема време да се посвети на бракот, нема време да му фрли паричка на питачот што седи пред влезот на компанијата. Но сето тоа ќе се смени по една насилна средба со бездомник.

7743865_orig

Животот на Мајкл се менува. Тој започнува да го истражува минатото на човекот кој ги нападна него и неговите колеги. Истражувајќи тој открива валкани тајни во минатото на неговата компанија.

Станува опасен и почнува да им пречи на мнозинските акционери.

Мајкл пропаѓа. Тој е набркан од фирмата, а неговиот брак со Клер се распаѓа. Сепак пред да замине од фирмата тој со себе зема строго доверливи документи кои може да ја уништат неговата компанија.

Сретнувајќи го Мордекај, кој е адвокат за бездомници, тој се запознава со светот во кој бездомниците живеат. Со условите во кои тие живеат, се хранат и во кои работат (ако воопшто имаат работа). Ужаснат од сето тоа тој одлучува да им помогне. Мајкл станува адвокат за бездомнци, уличен адвокат.

Книга која ќе го смени вашето мислење за американската машинерија и начинот на живот во Америка. Таму бездомниците не се третирани ништо подобро отколку тука. Книгата им ја препорачувам на сите кои сакаат добар трилер, но и на сите адвокати, а посебно на оние кои никогаш до сега се немаат грижено за своите клиенти туку само мислат на тоа како да заработат пари.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s