Рецензија: Дупло Дно – Горан Стефановски

“Секое дно е дупло дно….”

Драма која ќе ви го одземе здивот…

Приказна сместена во три различни години….

Блиска иднина, блиско минато и блиска сегашност….

Драма за Јаков, револуционер, лудак и уметник и за едно семејство сочинето од Божо, министер за култура и книжевник, неговата жена Параскева, домаќинка и нивната ќерка Кристина, балерина и уметник изгубен во својот свет. Драма која ќе ви ги отвори очите и ќе ви покаже колку тоа од животот вие пропуштате. Сите општествени проблеми прикажани на еден поинаков начин, сместени во различно време на различно место, а сепак исти.

Драма која барем јас никогаш нема целосно да ја сфатам. А, колку повеќе читам толку повеќе му се восхитувам на Стефановски. Ова е драма која на некого можеби ќе му го измени животот. Парче душа ставено на хартија. А, верувам дека со сценска изведба тоа парче душа може целосно да се пренесе врз публиката.

“Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат да умрат. Основните копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студените копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за да можат мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат повторно да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.”

“Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот”

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s