Рецензија: Музика и Тишина – Роуз Тремејн

Во далечната 1629 година младиот англиски флејтис Питер Клер патува за Данска да стапи во служба на Кралот Кристијан IV. Тој сфаќа дека се нашол во место на светлина и темнина, место во кое доброто и лошото водат постојана битка за живот и смрт, уште од моментот кога ќе стапне во ледениот подрум под кралските одаи во кој се сместени музичарите.

Нарекуван Ангел поради својата убавина, Питер не може да оддолее на шармот на убавата придружничка на кралицата Кирстен, Емилија.

Тој е растргнат меѓу должноста и сопствените чувства.

Што ќе избере?

Прекрасна книга која ќе ве транспортира во тоа минато време и ќе ви направи да посакате да бидете таму и да ги искусите помалку мрачните доживувања на Питер. Книга полна со интриги, тајни, вистинска љубов и валкани афери.

Книга која ќе ве остави без здив и не ќе можете да ја испуштите од раце. Оваа книга докажува дека никој и ништо не е совршено, дека за се има причина, дека човечките чувства се целосно променливи и дека понекогаш човекот мора да носи одлуки кои целосно ќе му го променат животот. Која одлука би ја донеле вие?

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s