Рецензија: Хај-Фај – Горан Стефановски

“Хај-Фај е кратенка за Хај Фиделити што означува висока верност…”

Дали еден човек може целосно да биде верен на себе? Да не отстапува од своите принципи без разлика на сè?

Одговорот на овие прашања зависи од личноста за која зборуваме. Но, понекогаш и личноста со најцврст карактер може да попушти под навалите на општеството. Ги гледаме младиот Матеј како претставник на слободоумната младина, стариот Борис и средновечната Соња како претставници на денешното конзеравативно општество заедно со Мира, Американецот, Русинот и Арапот. Сите се вклучени во една борба на стереотипи меѓу различни годишта, општествени средини и држави.

Дали стереотипноста владее со сите нас и дали правилата на општеството секогаш победуваат?!

“Матеј: Јас не сум при себе. Професорот е при себе. Јас сум глуп. Професорот е паметен. Професорот ги прочитал сите книги на светот, а некои и ги напишал. Да, професоре. Така е, професоре. Вие како што ќе кажете, професоре. Јас не разбирам. Јас сум глуп. Леле ама сум глуп. Зошто сум толку глуп професоре? Професоре, нели нема никој поглуп од мене? Да, професоре. Така е професоре, само кажете што сакате. Смеам да ве носам учка? Сакате да ми го опнете професоре? Вие мене се најдобро ми мислите, а јас само гледам како да ве заебам. Вие ме раните, а јас ве лаам. Вие цел живот се борите за мое добро, а јас не сум свесен… Јас не заслужувам да живеам. Удавете ме, професоре, ама полека, да се мачам!”

“Што ако сум Хи – фи кога ова се куси ракави а надвор студи?
Некоја цена мора да се плати!”

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s