Кампања за популаризација на режисерките

На почетокот на годината на социјалните мрежи се појави кампањата #52FILMSBYWOMEN. Се работи за обид за популаризација на режисерките, односно на жените во филмската индустрија, кои добиваат многу помалку внимание од нивните машки колеги.

52Films-1

Кампањата е покрената од, организација „посветена на промовирање на еднакви можности за жени, охрабрување на креативни проекти креаирани од жени и проширување и подобрување на портретирањето на жените во сите форми на глобалните медиуми“. Дел од нивните кампањи се однесуваат на доделување  стипендии, на доделување грантови за завршување филмови, а тука е нивната менторска програма.

Целта на оваа кампања е едноставна – гледање на еден филм режиран од жена секоја недела во текот на една година, или вкупно 52 филмови. Организаторите ги охрабруваат оние кои ќе се вклучат во кампањата по гледањето на филмовите да зборуваат за нив на Фејсбук и Твитер, давајќи ја и можноста за создавање листа на GoWatchIt.

52Films-6

Нивното истражување покажува дека една од бариерите за успехот на режисерките е недостатокот на талент и искуство меѓу оние кои се во професијата. Многу од испитаниците не знаеле да именуваат ниту една режисерка, иако на The Director List има повеќе од илјада режисерки и 45 кои работеле на $25 милионски филм во последните 13 години.

Ова е одлична кампања која може многу да направи за подобрување на гледиштето кое индустријата и јавноста го имаат за режисерките. Мојот прв филм во нејзини рамките беше Flowers in the Attic, ТВ филм режиран од Deborah Chow, кој е достапен во видеотеката на HBO Македонија и кој топло го препорачувам.

Повеќе идеи, покрај на видеото погоре можете да најдете во следните листи: „103 есенцијални филмови режирани од жени“, „Мали бели лаги: 100 одлични филмови режирани од жени“, како и „Режисерската листа: датабаза на режисерки“.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s