Нова „Хари Потер“ приказна: „Северус Снејп и Мародерите“

„Хари Потер“ е приказна која е дел од детството и младоста на милиони луѓе ширум светот. По завршувањето на филмскиот и книжевниот серијал фановите постојано бараа, и се уште бараат, нови начини да го оживеат тој свет. Тоа најчесто го прават преку цртежи, фан фикција (приказни инспирирани од самиот свет) и голем број други креативни начини. Сепак оваа група на фанови се одлучила да отиде чекор подалеку – тие прават оригинални филмови базирани на ликовите на Џ.К.Роулинг.

Продукцијата Broad Stroakes е создадена од ентузијасти кои се „посветени на раскажување неверојатни приказни“. Досега имаат направено два кратки филма поврзани со франшизата за Бетмен, а стојат и позади краткиот филм „The Greater Good”, која ја раскажува приказната за Дамбалдор и Гелерт Гриндевалд.

12362991_1111677315523873_1817082491646439693_o

Нивниот нов проект е „Северус Снејп и Мародерите“ (Severus Snape and the Marauders), филм кој е сместен пред раѓањето на Хари Потер, односно во младоста на неговите родители и нивните пријатели. Во описот на филмот стои: „Во 1978 Северус Снејп, Џејмс Потер, Сириус Блек, Ремус Лупин, Питер Петигру и Лили Еванс само што го завршиле школувањето во Хогвортс. Додека Џемјс и пријателите, познати како Мародерите, пијат во бар, влегува Снејп, надевајќи се дека ќе ја најде Лили. Знаејќи ја нивната темна иднина и улогата која Снејп би можел да ја има во Првата волшебничка војна, Џејмс одлучува конечно да направи нешто во врска со неговиот долгогодишен ривал.“

Филмот е во режија на Justin Zagri, а како актери се појавуваат Mick Ignis (Северус Снејп), Garrett Schweighauser (Џејмс Потер), Dani Jae (Лили Еванс), Kevin Allen (Сириус Блек), Paul Stanko (Ремус Лупин) и Zachary David (Питер Петигру). Музиката е на Alexander Arntzen, а целиот саундтрак можете да го слушнете тука. За повеќе информации за нивните филмови повразни со Хари Потер посетета ја страницата Harry Potter Untold Tales.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s