Книга и филм: Cosmopolis – Дон ДеЛило низ визијата на Кроненберг

Cosmopolis е тринаесетиот роман на писателот Don DeLillo. Дејството на книгата се случува во луксузната лимузина на мулти-билионерот Ерик Паркер, кој е на епски пат низ Менхетен со цел да се потшиша. На неговото патување како пречки се јавуваат гужвата по улиците, антикапиталистичките протести, како и погребот на една Суфи рап ѕвезда. Во текот на возењето тој се среќава со своите соработници, својата жена и своите љубовници, а е следен и од неколку непознати мажи. Обложувајќи се против растењето на јенот тој губи и многу пари во текот на целиот ден.

Cosmopolis

Филмската верзија пристигнува во 2012 и режирана од канадскиот режисер Дејвид Кроненберг. Во улогата на Ерик Паркер се појавува Роберт Патинсон, а на платното му се придружуваат и Сара Гадон како неговата жена, Жулиет Бинош како неговата љубовница, Пол Џиамати како атентаторот, но и Саманта Мортон, Кевин Дуранд, Џеј Барушел и Метј Алмарик.

Bjr9q

Филмот доста верно ја следи приказната на романот и е визуелен приказ на оваа навидум банална приказна, која во себе содржи коментари за капитализмот, односите меѓу луѓето и вредностите кои го движат светот. Минималистичкото одвивање на дејството во лимузината и мал број на други одбрани локации ни дава можност да се фокусираме целосно на ликовите и врвната прицизност со која актерите ги играат.

Критиките кои филмот ги добива се генерално позитивни. Во моментов на IMDB има рејтинг од 5, додека на Rotten Tomatoes има оцена од 64%.Номиниран е за повеќе награди, од кои освојува три: оригинална музика за саундраткот на Howard Shore, оригинална песна за песната “Long to Live” на Emily Haines, James Shaw и Howard Shore на Canadian Screen Awards, како и за награда за најдобра споредна актерка на Сара Гадон на Vancouver Film Critics Circle.

cosmopolis06

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s