Петочна поезија: „Залудно ја будам“ – Бранко Миљковиќ

Од оваа недела почнувам со нова рубрика на блогот наречена „Петочна поезија“! Во неа секој петок ќе објавувам по една песна од моите омилени поети, македонски или странски, кои ќе се потрудам да бидат на македонски јазик (меѓутоа можеби ќе се провлече и некоја англиска или германска која нема превод). Како песна за почеток ја избрав „Залудно ја будам“ од српскиот поет Бранко Миљковиќ.

Залудно ја будам – Бранко Миљковиќ
Ја будам
заради сонцето кое се објаснува себеси преку растенијата
заради небото распнато меѓу прстите
ја будам
заради зборовите кои го печат грлото
со ушите ја љубам
треба да се оди до крајот на светот
и да се најде роса врз тревата
ја будам заради далечните нешта
кои личат на овдешните
заради луѓето
кои без чела и имиња минуваат по улицата
заради анонимните зборови, плоштади
ја будам
заради мануфактурните пејзажи, заради јавните паркови ја будам
заради оваа наша планета која можеби
ќе биде мина на раскрвавеното небо
заради насмевката во каменот
на другарите заспани меѓу две битки
кога небото веќе не беше голем кафез за птици
туку аеродром
мојата љубов полна со другите е дел на зората што ја будам
ја будам
иако тоа е позалудно отколку да се повикува птица засекогаш слетана
сигурно рекла: нека ме бара и нека види дека ме нема
таа жена со раце на дете, која ја сакам
тоа дете што заспало без да ги избрише солзите кое го будам
залудно, залудно, залудно
залудно ја будам
зашто ќе се разбуди поинаква и нова
залудно ја будам
зашто нејзината уста не ќе може да и` каже
залудно ја будам
ти знаеш, водата тече, но ништо не кажува
залудно ја будам
на изгубеното име треба да се вети нечие лице во песокот
Ако не е така, отсечете ми ги рацете
и претворете ме во камен.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s