Среќен светски ден на поезијата!

На 21 март од 1999 во светот се слави Светскиот ден на поезијата. Востановен е од УНЕСКО и неговата цел е да промовира читање, пишување, објавување и предавање на поезија ширум светот.

Порано бил славен во октомври, некогаш на 5, но во подоцниот 20ти век светската заедница го славела на 15 октомври, роденденот на Вергил, римски епски поет. Многу национални поетски денови сеуште се слават во овој месец.

Во Скопје денес за одбележување на денот има повеќе настани. Меѓу нив е и „Плати со поезија #PayWithAPoem“, кој поддржан од Јулиус Мајнл во кафулињата Венето во Скопје Сити Мол, Паладиум во Капиштец, Наргиле во Чаршија, Дион на Кеј и Баду во Порта Влае. Во оваа кампања се вклучени над 30 земји и повеќе од 1000 кафетерии низ целиот свет. Учесниците беа и охрабрени да ги споделат своите поеми на социјалните мрежи со хаштазите #PoetryForChange  #PayWithAPoem.

Вечерва пак во Младинскиот културен центар поезија ќе читаат Владимир Лукаш, Биљана Стојановска, Николина Андова Шопова, Андреј Ал Асади, Снежана Стојчевска, Исток Улчар, Митко Апостолов, Александра Спасеска, Моника Стојановска и Ѓоко Здравески. На официјалниот настан пишува: „Се надеваме дека во публиката ќе има и други заинтересирани и дека ќе се пријават за читање на самиот настан.“

Во чест на денот ја објавувам и оваа прекрасна песна од српскиот поет Бранко Миљковиќ, „Ljubav poezije“.

Ljubav poezije

Ja volim sreću koja nije srećna
Pesmu koja miri zavađene reči
Slobodu koja ima svoje robove
I usnu koja se kupuje za poljubac

Ja volim reč o koju se otimaju dve slike
I sliku nacrtanu na očnom kapku iznutra
Cvetove koji se prepiru sa vremenom
U ime budućih plodova i prolećne časti

Ja volim sve što se kreće jer sve što se kreće
Kreće se po zakonima mirovanja i smrti
Volim sve istine koje nisu obavezne

Ja volim jučerašnje nežnosti
Da kažem svome telu “dosta” i da sanjam bilje
Prste oči sluh drugačije raspoređene
Ušumi negoli u telu

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s