Визуелниот спектакл на Bernays Propaganda

Пред две ипол недели се оддржа третиот од серијата концерти на Bernays Propaganda во МКЦ, кои беа направени како промоција на нивниот последен албум „Политика“. Рецензијава е малку задоцнета, но ете не можев, а да не ја напишам.

3712_10156405610865301_3472498364811884908_n

„Политика“, како албум, ни носи звук кој е нов за овој бенд, но тие одлично ја прават транзицијата, која кај нив се случува од албум во албум (често и со промена на членови). Тие со секој нов албум носат нешто ново и свежо, но сепак во нивен стил. Текстовите на Кристина Горовска од песна во песна ни носат една совршено скроена слика на општеството во кое во моментов живееме. Тие се зариваат длабоко во нашите срца, терајќи не да ја согледаме реалноста. Насловната песна „Политика“ е совршен пример за генијалноста на нејзините текстови.

Концертот пак е таков што можам да го опишам само со суперлативи. Концепиран како аудио-визуелен перформанс со Кристина (вокал) во главната улога, а Дени Крстев (ритам програминг и клавијатури) и Васко Атанасоски (гитара), тој беше микс од песни од „Политика“ и хитови од претходните три албуми („Овој ден да помине“, „Yuppie Dream“,  „Леб и игри“ и други). Авангардните визуелизации служеа за ацентирање на моќните пораки кои песните на овој бенд ги носат и мислам дека уште долго по концертот останаа врежани во рожниците на посетителите.

Секој неверојатно бурен аплауз (а го имаше по секоја песна) беше апсолутно заслужен. Не знам за вас ама јас сум многу горда што овие дечки ја претставуваат Македонија низ светот. Браво Bernays! И само така продолжете.

 

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s