Фолтинска вечер во Скопје

Од септември минатата година до сега бев на веројатно 90% од настапните на Фолтин кои беа оддржани во Скопје (дури и на еден во Велес). И после секој настап си велам дека ќе седнам, ќе си ги средам впечатоците и ќе напишам нешто – рецензија, пофалба, воодушевување – било што. Концертот во Хавана во саботата беше „последната сламка“, па еве ме пред тастатурата.

20160424_013158.jpg

Концертите на Фолтин се уникатно искуство. Да ги слушате секоја вечер по ред, седум дена во неделата, секој концерт ќе има своја душа, свој шарм и шмек, ќе биде каратеристичен по нешто. Така беше и во саботата.

На сцената околу 1 по полноќ излезе добро познатата екипа – Бранко, Пеце Брада , Пеце Кларинет, Славчо Тапани и Гоце Бас. Сите со свој сопствен стил, кои искомбинирани заедно го прават, според многумина, најдобриот македонски бенд – Фолтин. Карактеристично од визуелен аспект на овој концерт беше маичката на Бране на која пишуваше – Пулс, Масажа, Адреналин (рефренот на 131).

20160424_024106.jpg

Сет листа како и секогаш беше совршено искомбинирана, микс од стари хитови и песни од новиот албум, движење на ритамот концепирано да ни ги убрза срцата до полудување, па да ги смири до вљубување. Публиката како и секогаш беше најгласна на „Везлика“ (120), но се пееше гласно и на „Двојка“, „Милице“, „I’ll die if you touch me“ и многу други. По секоја песна (многу нормално) следуваа извици и бурен аплауз.

19f2b6e986a1a880b5e698a59bd39a6ab7c9c8fa940981f0e87fa19abd4a65e3_full

Фолтин се совршеното концертно искуство. Бенд кој се реинвентира со секој нов албум и нова песна, но и на секој концерт или секоја свирка. Без разлика за колкава публика свират тие секогаш даваат се од себе и се препуштаат на магијата и енергијата, кои настапувањето на сцена ги носи со себе.

20160424_020810.jpg

Сепак за мене најубави се оние Фолтински вечери, кога фолтинците свират пред своја публика, пред “вистински“ фанови (fangirls and fanboys ftw), а не маса на луѓе, во кои би го вброила и овој концерт.

За мене Фолтин се инспирација, енергија, пријателство. Еден убав излет надвор од монотоното секојдневие.

И секако неизоставен елемент од секој Фолтински концерт е тоа што го прави  уште поубав – друштвото. Земете под рака некој што го сакате и право по карти за следниот Фолтински концерт.

me and the boy at foltin.jpg

А ако се уште се мислите дали треба да ги погледнете Фолтин во живо, само погледнете го видеово:

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s