Петочна поезија: „Тоа е тоа чувство“ – Игор Исаковски

Тоа е тоа чувство

тоа е тоа чувство
кога сакаш да си
ги прегризеш жилиште.
од умор, од болка длабоко
во дробот, такво едно чувство.
ништо посебно, ништо ново –
чувство кое мораш да го смириш
за да не полудиш. тоа е тоа
чувство на страв од самиот себе.
додека смислуваш начини
за самобуиство: бесење на олук;
истрел в глава три секунди откако
си крцнал капсула цијанид; долга
доза во вена; куси здивови во гаража;
топла вода за тола крв која тече;
песна што ја сонуваш
но никогаш не ќе ја запишеш –
како кога препелкаш по здив воздух
додека спомените те тонат во ледена вода.
такво нешто: еднсотавно и претпоставувано.
како спомен, но и како желба. точка
во која времето се спојува. како кога сакаш
вените да си ги откорнеш. без звук: само
тивко повлекување со челуста и
малку потежок здив.
како кога се будиш. или кога заспиваш –
нема разлика: световите се измешани
и засекогаш споени. и разделени:
континенти навидум поврзани
со животворната вода на планетата.
ништо ново нема во тоа, ништо посебно;
само ситни капки болка кои се цедат
низ дробните пори на здивот. такво
едно чувство, отприлика.

1799434-ZJWDXFJQ-7

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s