Петочна поезија: „Есенски Ден“ – Рајнер Марија Рилке

„Есенски ден“ е симболистичка песна од Рајнер Марија Рилке напишана во 1902. Дел е од стихозбирката „Книгата на сликите“ и во три строфи го опишува преминот од лето во есен. Во есента на 1902 Рилке ја оставил својата жена, скулпторката Клара Вестхоф, во Берлин и се преселил во Париз каде што работел на монографијата на скулпторот Август Родин. Овие, за Рилке негативни, околности, може да се гледаат како автобиографска инспирација за песната и да се користат за нејзина интерпретација

ЕСЕНСКИ ДЕН

Господе: време е. Летото ни беше доволно, велат.
Положи ја својата сенка врз сончевите часовници
и низ овие ходници остави ги ветровите да веат.

На последните плодови заповедај им полнота
дај им уште два-три јужовни дни
натерај ги на окончување и догони
ја последната блажина во тежината на вината.

Оние што сега немаат куќа, нема ни да ја изградат.
Оние што се сега сами, долго ќе самуваат,
ќе бдеат, ќе читаат, долги писма ќе пишуваат,
низ алеите таму-ваму ќе одат, немирно
ќе шетаат, кога лисјата одново ќе никнуваат.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s