Првите фотографии од „Хари Потер и проколнатото дете“

Една недела пред почетокот на прикажувањето на новото продолжените од Хари Потер сагата, претставата „Хари Потер и проколнатато дете“, ги добивме првите фотографии од претставата, односно портретите на актерите кои ги играат носечките улоги.

Вчера беа објавени портретите на семејството Потер – Хари Потер (Џејми Паркер), Џини Потер-Визли (Попи Милер) и Албус Северус Потер (Сем Клемент). Заедно со портертите се и изјавите на актерите.

13323798_10156942104390075_865561333432833811_o

Џејми Паркер зборува и за тоа како е да се биде Хари и вели дека било тешко да се избере правилниот костум за него, што ќе го окарактеризира како лик и ќе ја донесе таа слика на еден вработен во Министерството, но сепак не обичен човек. Вели и дека се што му е потребно да влезе во ликот се наочарите и лузната и дека е пресреќен што добил можност да го игра овој иконски лик. Роулинг на тоа додава дека Паркер сега едноставно е Хари и дека е олеснување да се гледа како глуми.

13323633_10156942104455075_6543463038800377259_o

Попи Милер вели дека ја обожава својата коса за оваа претстава, како и костумот – прекрасен, рачно плетен џемпер, кој нејзе ја потсетува на голема Пигмејска пуфла. Роулинг додава дека многу луѓе би сакале да ја имаат Џини на Попи Милер за мајка. Главното прашање кое е останува е нејзината професија – дали сеуште пишува извештаи за Квидич за „Дневниот пророк“.

13346772_10156942104540075_765749371012526371_n

Сем Келемнт како Албус Северус пак е прикажан во својата Хогвортс униформа. За својот костум Сем вели дека го замислувал Албус како ги носи старите алишта на брат му Џејмс, па сакал Албус да се чувствува малку непријатно и да може да си игра со тоа што го носи. Роулинг не открива многу за ликот, бидејќи не сака да ја расипе претставата за оние што ќе ја гледаат, но е особено задоволна од кастингот.

13336079_10156942104630075_4872630162724354930_n

Денеска ги добивме и фотографиите од семејството Визли-Гренџер – Рон Визли (Пол Торнли), Хермиона Визли-Гренџер (Нома Думеѕвени) и нивната ќерка Роуз Визли-Гренџер (Шарел Скит).

13310542_10156945451360075_872033325773444094_n

Торнли за неговиот костим вели дека сакале да изгледа како на Рон да не му е особено грижа што ќе облече наутро. Бидејќи би сакал да му биде постојано удобно, би носел и удобни работи – удобен џемпер (кој е често перен и носен), удобни кондури итн. Главниот впчеаток треба да биде дека тој не поминува многу време во шопинг. Роулинг за улогата вели дека Рон не е премногу променет од неговите тинејџерски години.

13301310_10156945451525075_5559286646105509461_o

Нома Думеѕвени изгледа одлично како Хермиона и покрај огромната дебата за нејзиното кастинг (поради нејзината боја на кожа). Таа вели дека првиот пат кога го облекла костумот и се погледнала в огледало веднаш ја видела Хермиона пред себе. Роулинг додава дека пред кастингот ја видела Думеѕвени како ја работи улогата за време на една работилница и била пресреќкна кога Џон Тифани и кажал дека ја избрал толку нејзе за најсјајната вештерка од нејзиното доба.

13307207_10156945451440075_2304864511608929110_n

Шарел Скит беше големата вест денес, бидејќи до овој момент не беше познато кој ќе ја игра Роуз. Таа вели дека едвај може да размислува за тоа колку сето ова е големо или ќе се онесвести. Нетрпелива е да ја облече својата Хогворст униформа и да се качи на Хогворст експрес. За Роуз вели дека е амбициозна, но и дека пред неа стојат многу препреки и очекувања. Сепак таа само сака да го направи она што правилно.

13307424_10156945451645075_5378194516218101521_n

Со нетрпение го очекуваме и третиот сет од фотграфии кои треба да излезат во наредните денови. Се претопставува дека тоа може да биде семејството Малфој.

Извор: Muggle Net

 

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s