Петочна поезија: „Поетот одново е…“ – Маргарет Етвуд

Една песна од овогодинешната добитничка на на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.Таа во нејзиното творештво често го поставува прашањето на пишувањето, за улогата на поетот и моќта на поезијата. Во исчекување сме на нејзиниот гостување овој август, кое сме сигурни дека ќе биде фантастично.

Margaret Atwood-584

Поетот одново е…

Поетот одново е поет
откако со декади беше доблесен.

Не можеш да бидеш и двете?
Не. Во јавност, не.

Можеше, порано,
дури Господ сè уште громогласно се одмаздуваше

и го уживаше мирисот на крв
и немаше време за лизгави опростувања.

Тогаш човек можеше да расфрла темјан и да велича,
да си го носи змискиот ѓердан,

и да молитви за искршените черепи на непријателите
како побожен хор.

Немаше насмевки од почит, печење колачиња,
немаше „Ама јас сум фин човек, озбилно“.

Добредојде назад, мил мој.
Време е да си го продолжиме бдеењето,

време е да ја отклучиме подрумската врата,
време е да се потсетиме самите

дека богот на поетите има две раце:
една вешта, една злокобна.

(прев. Горјан Костовски)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s