Петочна поезија: „Ганимед“ – Јохан Волфганг фон Гете

„Ганимед“ е поема напишана од Јохан Волфганг фон Гете, во која митскиот млад јунак Ганимед е заведен од богот Зевс преку убавините на пролетта. Може да се разбере како пар на песната „Прометеј“ – едната изразува божествена љубов, а другата мисотеизам. Двете припаѓаат на периодот помеѓу 1770 и 1775. Оваа поема добива и своја музика од Франц Шубер и од Хуго Волф.

Јохан Волфганг фон Гете – Ганимед

Како во утринската светлост
ти сјаеш околу мене,
пролет, сакана!
Со илјадократно љубовно блаженство,
твојата вечна топлина
побудува на моето срце
свето чувство
и бескрајна убавина!

Посакувам да те заробам
Во овие раце.

Ах, на твојата града
Лежам и страдам,
И твоите цвеќиња и твојата трева
Се будат во моето срце.
Ја гаснеш жедта што гори
Во мојата града,
Мил утрински ветру!
Од магливата долина
Славејот ме повикува мило.

Јас доаѓам, доаѓам!
Каде? Ах, каде?

Нагоре, копнеам за горе.
Лебдеат облаците
Надолу, се поклонуваат
На копнежливата љубов.
Мене! Мене!

Во вашите скутови,
Угоре!
Прегрнат прегрнувам!
Угоре на твојата града,
О, блажен Господе!

препев: Мими Николиќ

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s