8 препораки за книги од ѕвездата на „Хари Потер“ Даниел Редклиф

Хари и Рон можеби се потпираа на Хермиона кога се работеше за било што поврзано со книги, но ѕвездата на „Хари Потер“, Даниел Редклиф, во вистинскиот живот е голем читател. Од Ернест Хемингвеј до Салман Рушдие, актерот е полн со препораки за книги. Ова се осумте книги кои тој ги препорачува.

1. Ернест Хемингвеј – Старецот и морето

The Old Man and the Sea by Ernest HemingwayОвој роман на Хемингвеј е едно од големите дела на американската книжевност кое го издржува тестот на времето. Тоа е приказната за еден стар кубански рибар и неговото најголемо премрежје: непоколеблива, измачувачка битка со џиновската морска риба во Голфската струја.

Користејќи го едноставниот, но моќен јазик на бајката, Хемингвеј ги трансформира безвременските теми за храброста во лице на поразот и личниот триумф, кој се добива од загуба, во оваа величествена класика на 20тиот век.

Освртот на Даниел: „Имам пријатели кои никогаш не читаат, и кога ќе ме прашаат со што треба да почнат, секогаш им ја давам оваа книга.“

2. Страв и презир во Лас Вегас – Хантер С. Томпсон

Fear and Loathing in Las VegasСтрав и презир во Лас Вегас е најдобрата хроника на издрогирани, празноглави, безгрижни добри времиња некогаш пренесена во принтан збор. Исто така е приказната за долго викенд патување која влезе во аналите на американската поп култура како едно од најчудните патувања кои некогаш се случиле.

Освртот на Даниел:: „Ова е една од најсмешните книги која некогаш сум ја прочитал, што е една од главните причини поради кои ја препорачувам.”

3. Хари Потер и каменот на мудроста – Џ.К.Роулинг

Harry Potter and the sorcerer's Stone by J.K. RowlingЕден ден пред неговиот 11ти роденден, був се обидува да му достави писмо, што е првиот од низата настани кои завршува со запознавањето на Хари со џиновскиот човек наречен Хагрид. Хагрид му објаснува што всушност му се случило во минатото: Кога бил бебе, еден темен волшебник, Лорд Волдеморт, ги нападнал и ги убил неговите родители во обид да го убие Хари, но Хари преживеал, добивајќи лузна во вид на молња на челото.

Сега е поканет да го посетува школото за волшебнитво Хогворст, каде директор е големиот волшебник Албус Дамбалдор. Хари ја посетува Дајагон Ели да ги купи залихите кои му се потребни за во школо, особено неговот волшебно стапче. За да стигне до школото се вози со Хогворст Експрес од платформата девест и три четвртини на станицата Кингс Крос. На возот пак ги запознава Рон Визли и Хермиона Гренџер, кои ќе станат неговите најдобри пријатели.

Освртот на Даниел:Мислам дека е фер да се каже дека ако зборувам за петте книги кои најмногу влијаеле на мојот живот, би било прилично глупаво од мене да не речам Хари Потер и каменот на мудроста бидејќи ми даде се што имам и се што ќе имам.”

4. Децата на полноќта – Салман Рушдие

Midnight's Children by Salman Rushdie

Роден точно на полноќ, во точниот момент на независноста на Индија, на Салем Синај му е судено од раѓање да биде посебен. Тој е едно од 1001 деца роден на полноќ, деца кои имаат посебни дарби, деца со кои Салем е телепатски поврзан.

Но се случува мешаница при неговото раѓање и животот на Салем добива неочекувани пресврти. Растејќи помеѓу бител од триумфи и катастрофи, Салем мора да ги осознае кобните последици од неговата дарба, бидејќи текот на неговиот живот е неразделно поврзан со неговата таткова, и секој негов потег е оглед и зголемен во настаните кои ја обликуваат новородената нација. Тоа е голема дарба, но и ужасен терет.

Освртот на Даниел:Ова е најволшебната книга. И се работи за толку брилијантна идеја: Деца родени во истиот час кои метафорички ги опфаќаат сите добри и лоши атрибути од новото општество. Рушдие пишува со вистински патриотизам – љубов за земјата која не е слепа.“

5. Лавиринти – Хорхе Луис Боргез

Labyrinths by Jorge Luis Borges

Ако Хорхе Луис Боргез бил компјутерски научник, веројатно ќе го измислел хипер текстот и интернетот. Наместо тоа, со тоа што бил библиотекар и еден од најначитаните луѓе на светот, станал писател со стил на пишување полн со густа и слоевита имагинација, кои бил имитиран во текот на овој век, но се уште не му постои рамен (Умберто Еко понекогаш се приближува).

Неговите приказни мирисаат на интелегенција, богатсво на изуми и строг, скоро математички формален стил кои предизвикува со мистерии и парадоски кои се откриваат дури по неколку читања. Препорачлива за секој кој сака имагинацијата и интелектот да му бидат исполнети со филозофски заплети, привлечни загатки и богатство од вистински и замислени литературни референци.

Освртот на Даниел: „Кога ќе прочитам добра книга, понекогаш сакам да си замислувам дека би можел да напишам нешто слично, но никогаш, дури и во моите најлуди сништа, не би можел да напишам нешто што се приближува на нивото на остроумност и интелект и лудило на Боргез. Мислам дека никој не би можел.”

6. Жерминал – Емил Зола

Germinal by Emile ZolaСметана од Андр Гиде за еден од десетте најголеми романи на француски јазик, Жерминал е брутален приказ на сиромаштијата и мизеријата на рударската заедница во северна Франција под втората империја. Во центарот на романот е Етјен Лантиер, згоден 21 годишен механичар, интелигентен, но со мало образование и опасна тенденција кон убиствен, алкохолен бес.

Жерминал е паралената приказна за одбивањето на Етјен да ја прифати својата судбина и приказната на тешката одлука на рударите да штрајкуваат за да се изборат за подобар стандард за живот.

Освртот на Даниел: „Ме воодушевува колку вешто Зола ја доловува идиосинкразија,  секојдневноста и разликите во животот помеѓу сите овие различни класи на луѓе. Секој лик е целосно формиран и реален.”

7. Мајсторот и Маргарита – Михаил Булгаков 

The Master and Margarita by Mikhail Bulgakov

Мистериозен странец и неговата придружба ја воодушевуваат Москва на Стаил со најдоброто магичното шоу кое е некогаш видено и буквално го палат целиот град. Но која е вистинската цел позади нивната посета?

Освртот на Даниел: „Сега е мојата омилена книга – огромна експлозија од имагинација, лудило, сатира, хумор и срце.”

8. Одбрани поеми – Тони Харисон

Selected Poems by Tony Harrison

Оваа незаменлива нова колекција на поемите на Тони Харисон вклучува повеќе од 60 поеми од неговиот познат циклус сонети Школата на елоквенцијата и неверојатно долгата поема „в“.

Освртот на Даниел:  „Ме направи да чувстувам нешто на инстинктивно ниво кое никогаш порано го немав искусено и тоа ме енергизираше и инспирираше и самиот да пишувам.”

Извор: BookBub

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s