Музиката е повеќе „културолошко кулинарство“ од универзален јазик

Нема потреба повеќе да се заморувате со вжештени расправи за музиката. Науката вели дека тоа не води никаде.

Според нова студија објавена оваа недела во „Nature“, музичкиот вкус на една личност е главно обликуван од културата во која тој/таа пораснала, а многу помалку од биолошки фактори или свесни одлуки. Истражувачите на MIT и други институции им пуштиле на членовите на Тсимане (Амазонски племе кое има минимална изложеност на музиката која доаѓа од западот) одредени звуци и ги споредиле нивните одговори со тие на Боливијците и Американците.

Додека на луѓето од западот попријатни им биле консонантните тонови од диссонантните тонови, племето Тсимане, кое не ги користи обата вида на звуци во својата култура, ги сметало обата вида за еднакво пријатни. Таква реакција укажува на тоа дека културата во која личноста пораснала има големо влијание на вкусот.

Накратко: аудиторните вкусови не се вродени и не постои такво нешто како универзално „добра“ музика.

Ова откритие ни кажува многу за тоа зошто ја сакаме музиката која ја сакаме. Но фактот дека многу луѓе се пораснати во иста култура (дури и истото семејство), а имаат радикално различен вкус за музика укажува на тоа дека воспитувањето не е единствен фактор кој делува. Сепак оваа студија го побива претходното тврдење на когнитивната наука дека луѓето природно преферираат хармонични звуци. Изгледа дека е научно невозможно да се создаде „совршената“ песна.

Извор: Quartz
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s