Нови проекти и песни на членовите на „Фолтин“

По големата прослава на Д-Фестивал по повод 20 годишнината од нивното постоење, членовите на Фолтин, Бранислав Николов и Гоце Јованоски, оваа недела не почестија со нова музика. Се работи за песните „Штета“ на Пијан Славеј и „Leaving is easy“ на Пенелопе Икс.

„Штета“ е А – страна од двојниот сингл ”ШТЕТА! / НЕНАДЕЈНА УБАЈНА” на Пијан Славеј и Гоце Јованоски (бас). Маестралниот текст на Николов ни носи приказна во која лесно можеме да се препознаеме, а мелодијата кога еднаш ќе влезе во увото тешко излегува, па си ја потпевнуваме со часови. На песната работеа уште и Горан Димитровски (гитара) и Ивица Јанкуловски – Штраф (снимање, микс и мастеринг).

Пенелопе Икс е проект во кој покрај Николов и Јовановски учевствуваат и мулти-инструменталистот Џијан Емин (ко-основач на Skopje Connection, Project Zlust, D.N.O. и член на Македонската филхармонија) и Гоце Стевковски (тапани). Групата веќе го има издадено критички признатиот албум „Пенелопе икс – Одисеј и неговите жени“ заедно со Никола Коџабашија, по кој беше направен и мјузикл во продукција на МОБ. Оваа нова песна е најава за вториот албум на групата и носи нов, но сепак одличен звук.

Фотографија: Jože Požrl

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s