Петочна поезија: „Сите врати ти се секогаш отворени“ – Игор Исаковски

Игор Исаковски (19 септември 1970 – 15 декември 2014) е македонски поет, прозаист, преведувач и уредник. Бил основач и директор на културната установа „Блесок“. Има објавено повеќе збирки поезија меѓу кои се „Ноќта е најтемна пред разденување“, „Црно сонце“ и „Стажирајќи за светец“. Песната „Сите врати ти се секогаш отворени“ е дел од последната стихозбирка „Дека да“ која беше постхумно објавена во 2015.

Igor-Isakovski-07.jpg

Сите врати ти се секогаш отворени

ти реков, оди. реков тргни.
ти реков диши, ти реков сонувај.
ти реков замини, реков запливај.

ти реков: ќе бидам во куќата.
ти реков: ќе бидам на дрвото.
ти реков: ќе бидам овде за тебе.

кога и да посакаш да се одмориш.
кога и да посакаш да се мушнеш внатре:
прагот е толку мал што само ќе те погали

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s