Како да се соочите со празната страница: 8 писатели зборуваат за своите искуства

За оние кои заработуваат од пишување проблемот на писателската блокада не се јавува толку често колку што телевизијата и филмовите не наведуваат да веруваме. Сигурно на сите писатели им се случуваат моменти кога зборовите едноставно не „течат“ како што би требало или пак кога мислат дека она што го напишале е ѓубре и почнуваат одново. Или пак почетокот им е на дофат на прстите, но никако не доаѓа. Или пак крајот е проблематичен. Но клишето за загрижениот пистаел, кој седи и зјапа во празен лист хартија? Тоа не се случува толку често.

Во ова кратко видео направено за  Louisiana Channel (YouTube канал за Louisiana Museum of Modern Art во Данска), празната страница воопшто не е  застрашувачка за осумте автори кои се интервјуирани.

„Не мислам дека писателската блокада постои,“ вели Филип Мејер. “Во основа се работи за несигурност. Тоа е твојот внатрешен критичар кој е попуштен на повисоко ниво од што би требало да е во моментот… Поентата е нешто да се запише.“

Ала Ал-Ацвани ја прави најфилозофската поента, нарекувајќи го пишувањето „конфликтот меѓу тоа што сакаш да го кажеш и тоа што треба да го кажеш.“

Многу од другите автори кои се интервјуирани како Џонатан Францен, Лидија Дејвис и Џојс Керол Оутс се согласуваат дека умот на писателот мора да се подготвува и да пишува и да истражува многу пред телото да седне и дланките да пипуваат.„Додека седнам пред празната страница веќе имам многу работи да кажам,“ вели Оутс.

За други писатели празната страница е симбол на потенцијал. За Дејвид Мичел таа е врата која се отвора кон бесконечноста. За Маргарет Етвуд, страницата „те повикува да напишеш нешто на неа. Мора да биде пополнета.“

Даниел Келман ја пополнува празната страница рачно и го нарекува тоа „врвно задоволство“ иако пишувањето на првата верзија е „делот од пишување во кој најмалку се ужива“.

Во финалната минута, Дејвид Мичел зборува повеќе за писателската блокада, но за тоа ви препорачуваме да го погледнете видеото. А ако сте писател/ка кој/а го гледа видеото бидејќи одложува… вратете се на работа!

Извор: OpenCulture

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s