20 модерни класици кои секој треба да ги погледне

Не постои лошо време за навраќање во архивите и гледање на добри филмови. Jason Guerrasio од Independent прави листа на 20 најважни филмови од последните години, кои ги нарекува модерни класици, и вели дека треба да бидат прегледани или, ако не сте ги гледале, задолжително треба да се погледнат.

1. “Дони Дарко” (2001)

Кариерата на Џејк Гиленхал само што почнуваше кога ја доби една од првите свои главни улоги во „Дони Дарко“. Го играше проблематичниот тинејџер кој е измачуван од визии од иднината и еден вознемирувачки зајак. Филмот стана култна класика, бидејќи успеа да ја прикаже вознемиереноста на младите, кои во времето кога филмот се прикажуваше, се справуваа со конфузијата на светот по нападите на 9/11.

2. “Куглајќи за Колумбин” (2002)

Четвртиот филм на Мајкл Мур кој освои оскар за најдобар документарец, можеби е и неговиот најдобар. Контроверзниот режисер ги користи настаните од масакрот во средното училиште Колумбин за да зборува за зависноста на САД од оружје. За жал, 14 години подоцна проблемите кои филмот ги истражува се се уште релевантни.

3. “Градот на Бог” (2002)

Овој стилски неверојатен поглед на гетата во Рио де Жанеиро ги следи животите на две момчиња и нивното растење помеѓу оружјето и дрогата. Екипата се состои главно од актери кои не се професионалци и тоа му дава на филмот автентичност. Но она што е најизненадувачко за овој насилен филм е колку хумор е вклопено во него.

4. “Вечниот сјај на чистиот ум” (2004)

Што добивате кога ќе ги искомибирате режисерот Мајкл Гондри и сценаристот Чарли Кауфман? Една од најоригиналните љубовни приказни во последните 15 години. Џим Кери во еден од неговите најдобри изведби, го игра Џоел, кој, по раскинувањето со неговата девојка (Кејт Винслет) оди кај доктор кој е специјалист за бришање на спомени. Што тогаш се случува, благодарејќи на визуелизации на Гондри и зборовите на Кауфман, е скоро совршено.

5. “Супер големиот јас” (2004)

Морган Спурлок го искористи неговиот пријателски карактер и една „жешка“ тема за да го создаде филмот кој ја дефинираше неговата кариера. Истражувајќи го проблемот на САД со прекумерната телесна тежина, Спурлок ја сврти својата камера кон Мек Доналдс и успеа да го смени начинот на кој гледаме кон храната. (Во филмот јаде само брза храна од ресторанот во времетраење од еден месец). Овој филм е и во голем дел одговорен за промената на менито во Мек Доналдс и вклучување на повеќе здрави опции.

6. “Нема земја за старци” (2007)

Браќата Коен создаваат класичен вестерн во моденро време благодарејќи на адаптацијата на овој роман на Кормак МекКарти. Со Џош Бролин во улогата на еден човек кој случајно наоѓа голем куфер полн со пари и Хавиер Бардем во улогата на психотичен платен убиец овој филм станува се подобар со секое наредно гледање.

7. “Рататуи” (2007)

Овој филм раскажува волшебна приказна преку анимација коа не е само за деца. Сместена во  луксузниот паришки свет на готвењето, “Рататуи” зборува за стаорец кој мисли дека е професионален готвач. Филмот можеше да биде катастрофа, но покажа дека слоевити приказни може да бидат добро раскажани преку цртани филмови и компјутерска графика.

8. “Ќе има крв” (2007)

Пол Томас Андерсон ни носи филм кој е епски на повеќе начини – приказна, музика и фотографија. Даниел Деј-Луис, како манијакалниот нафтен барон, ни покажува изведба која ќе го издржи тестот на времето.

9. “Зодијак” (2007)

Дејвид Финчер, кој е познато по својата привлеченост од мрачен материјал, беше совршен за екранизирање на приказната за убиецот Зодијак. Џејк Гиленхал игра карикатурист, кој работи во весник, и се опседнува со случајот, продолжувајќи да истражува долго откога полицијата ќе се откаже. Можеби најдобриот трик на Финчер е постојаната  неизвесност, која се зголемува низ филмот, со тоа што на крајот, секој би можел да биде Зодијак.

10. “Човекот на жицата” (2008)

oiqqu9m

Пред „Патот до славата“, ја добивме приказната за смелиот од на висока жица помеѓу кулите близначки од луѓето кои тоа навистина го направиле во филмот на Џејмс Марш, „Човекот на жицата“. Овој документарец е добитник на Оскар и е она што го прави одличен е нараторот, Филип Петит, кој всушност е човекот кој стои позади овој подвиг. Иако снимените сцени ни покажуваат колку бил неверојатен тој подвиг, она што не влече е мајсторското раскажување на Петит.

11. “WALL-E” (2008)

Можеби најдоброто дело на Пиксар. Овој филм се занимава со многу различни проблеми, што овозможува да го гледаш филмот повеќе пати и да се фокусираш посебно на секој. Од љубовна приказна до коментари за прекумерна тежина и климатски промени, овој филм е многу повеќе од патувањата на еден мил робот (но тој дел е исто така супер)!

12. “Неславни копилиња” (2009)

Долго очекуваниот филм на Тарантино за убивање на Нацисти вредеше да се чека. Бред Пит го игра водачот на една група еврејски војници на САД чија мисија е да убијат што повеќе Нацисти во Франција.  Но покрај одличните ликови како „Евреинот мечка“ и неверојатните акциски секвенци, филмот е исто така љубовно писмо кон кинематографијата.

13. “Inception” (2010)

Кристофер Нолан отсекогаш сакал да си поигрува со нас, а овој филм е еден од неговите поголеми умствени трикови. Ди Каприо го игра водачот на група која влегува во соништата на луѓето за да краде информации. Меѓутоа овој пат се најмени за да подменат спомен. Ова води кон вртоглава бркотница низ длабоката потсвест која ве држи залепена за екранот.

14. “Старосватици” (2011)

Со екипа која се состои од некои од најсмешните жени во бизнисот, овој филм покажа дека девојките можат да бидат исто толку смешни и вулгарни како и момците. Покрај тоа што со ова Кристен Виг конечно доби главна улога во филм, овој филм ја направи Мелис МекКарти филмска ѕвезда, а режисерот Пол Фиг го направи првиот избор за женски комедии.

15. “Возење” (2011)

Режисерот Николас Виндинг Рефн ја зема својата љубов кон насилство и ја комбинира со Рајан Гослинг и музиката на Клиф Мартинез за да создаде шик трилер кој е од типот на филмовите од 80тите како „Крадец“ или „Да се живее и умре во Лос Анџелес“.

16. “Прекинувачите” (2011)

mezzanine_045

Пред Спајк Ли да се занимава со вооруженото насилство во Чикаго во „Чи-рак“, режисерот на документарци Стив Џејмс ги покажа луѓето кои се обидуваат да го спречат тоа насилство во „Прекинувачите“. Следеќи група поранешни членови на банди кои се обидуваат да ги вразумат младите, камерата на Џејмс успеава да сними неверојатни интеракции во кои зборовите прават многу повеќе од било кој пиштол.

17. “Чинот на убивање” (2012)

216175-the-act-of-killing-documentary

Ова е еден од тие документарци кои изгледа премногу ужасно за да биде вистина. Режисерот Џошуа Опенхајмер се фокусира на геноцидот во Индонезија спријателувајќи се со водачите кои се одговорни за масовните убиства. Тој ги рекреира убиствата снимајќи ги во жанр под нивен избор.

18. “Мајсторот” (2012)

Најдобрата глума која некогаш ќе ја видите е во разговорите помеѓу Филип Сејмор Хофман и Жоакин Феникс во филмот на Пол Томас Андресон, „Мајсторот“. Овој филм го следи ветеран на морнарицата кој што се спријателува со лидер на една организација. Менталната гимнастика која се одвива во текот на филмот е возбудлива за гледање.

19. “Upstream Color” (2013)

Со неверојатно мал буџет и самостојно дистриуиран, овој филм е инсипративна приказна која ни покажува дека животот се состои од повеќе од секојдневното постоење.

20. “Момчештво” (2014)

Снимен од 2002 до 2013, погледот на Ричард Линклатер кон животот на едно момче од адолесценција до почетокот на зрелоста е специјално дело кое ретко кој се обидел да го направи. Посветеноста на сите кои се вклучени во проектот е за пофалба, но и самата приказна е толку моќна и реалистична што може да се спореди и со некои документарци.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s