Почнуваат „Струшките вечери на поезијата“

Денес во Струга започнува јубилејното 55то издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, кој е еден од симболите на градот. Фестивалот традиционално ќе биде отворен пред „Домот на поезијата“ со читање на „Т’га за југ“ од Константин Миладинов и палење на вечниот поетскиот оган, кој гори во текот на целото траење на фестивалот. Програмата на отварањето продолжува со меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

Оваа година учесниците на фестивалот доаѓаат од 30 земји, а вкупно ќе учевствуваат 32 поети и поетеси.  Меѓу учесниците се вбројуваат Карлос Рамирес Вуелвас (Мексико), Нужум Ал Ганем (Обединетите Арапски Емирати), Шудип Сен (Индија), Јоланда Кастањо (Шпанија) итн. Тие покрај во Струга, ќе читаат и во Охрид, Ресен, Скопје и Битола како дел од поетскиот караван „Поезија на пат“.

Лауерат на 55тите „Струшки вечери на поезијата“ е канадската поетеса Маргарет Атвуд. Таа има напишано повеќе од 40 поетски, прозни и стручни дела. Во официјалната биографија на страната стои: „Во нејзината поезија, најчеста тема е односот на цивилизацијата и дивината и смета дека овие спротивности се едни од најважните принципи во канадската литература.“ Портретот на Атвуд ќе се оддржи во Охрид на 27 август во дворот на црквата „Св. Софија“, а истиот тој ден рано наутро ќе биде садењето на дрвото во „Паркот на поезијата“. Таа се очекува да пристигне на 26 август и да остане до 1 септември.

Годинава свој портрет ќе добијат и Виолета Танлева-Златева, која е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2015 година, и Руна Светликова, која е добитник на наградата „Мостови на Струга“ (доделена од СВП и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга од млад светски автор).

Покрај мноштвото поетски читања како настани се истакнуваат „Потеско кафе“ кое ќе се оддржува во „Пијано бар“ на Хотел Дрим (17:00) и „Ноќ без интерпункција“ на алтернативната сцена на истекот на реката Црн Дрим, „Галеб“ (24:00).

Манифестацијата во  Струга се затвара со доделувањето на наградите „Златен Венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на манифестацијата „Мостови“, која се оддржува на „Мостот на поезијата“. По оваа манифестација следува доделувањето на наградата „Енхалон“ во прес-центарот на Хотел Дрим.

„Некој некогаш некаде“ е присутен во Струга и можете да очекувате поголем број информации за секој од фестивалските денови во текот на следниот период.

Повеќе информации за настаните можете да пронајдете во програмата која е достапна на англиски и на македонски.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s