Отворање на „Струшките вечери на поезијата 2016“ [ФОТО]

Вчера со традиционалното читање на „Т’га за Југ“ од Константин Миладинов беа отворени 55тите „Струшки вечери на поезијата“. Водителите на отворањето беа актерите Роберт Вељановски, кој читаше на македонски јазик, и Арна Шијак, која читаше на англиски јазик.

20160824_203912.jpg

По читањето на песната беше запалени и поетскиот оган, кој ќе гори постојано во текот на времетраењето на фестивалот. Церемонијата на отворањето беше заокружена со огномент, по што првата фестивалска вечер продолжи со манифестацијата „Меридијани“.

14034855_1154525237955004_5726962672761344146_n

„Меридијани“ се отвори со говорот на директорот на СВП, Мите Стефоски, кој зборуваше за важноста која „Струшките вечери на поезијата“ ја имаат за Македонија, како и за светската поетска заедница. На тоа се надоврза и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која преку неколку цитати на познати поети, кои беа вметнати во нејзиниот говор, ја покажа безвременоста на поетската мисла.

20160824_205834.jpg

Поради неможноста на лауреатот, Маргарет Атвуд, да биде присутна на првата вечер од фестивалот се обрати на публиката преку снимена видео порака. На тој начин ја прочита и песната со која го отвори читањето на „Меридијани“. Слушнете ги во продолжение:

Читањето продолжи со поетесата добитник на наградата „Мостови на Струга“, Руна Светликова (Белгија), а имавме можност да ги видиме и останатите поети и поетеси учесници на манифестацијата, кои читајќи на својот јазик успеаа за момент да ни ја пренесат својата болка, својата љубов, својот копнеж и се останато што тие решиле да го скријат во своите песни. Публиката во салата имаше можност песните да ги прочита на екраните во позадина, каде беа преведени на македонски и англиски јазик.

Повеќе фотографии од вечерта можете да погледнете на нашата Фејсбук страна.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s