Петочна поезија: „Ти, однапред загубена љубена“ – Рајнер Марија Рилке

Ти, однапред загубена љубена

Ти, однапред
загубена љубена, никогаш недојдена,
јас и не знам, кои звуци ти се мили.
Не се ни обидувам да те препознам во бранувањето,
на она што надоаѓа. Сите големи
слики во мене, пејзаж доживеан некаде далеку,
градови и кули и мостови и не-
очекувани пресврти на патиштата
и на насилството на земјите
каде некогаш боговите биле бројни:
во мене се издигнува значењето
твое, за тебе, одминлива.
Ах, ти си градините,
ах, ги гледав со огромна
надеж. Отворен прозор од
селска куќа -, ти замислена речиси
в пресрет ми дојде. Наидов на улички,
каде тукушто си минала,
а огледалата на дуќаните и трговците, привремено
уште зашеметени од тебе, стаписано го нудеа
мојот ненадеен лик. – Којзнае дали истата
птица не прозвучи низ нас,
вчера, засебно, во вечерта?

(Париз, зима 1913-1914)

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s