Прва средба на лауреатката Маргарет Атвуд со струшката публика

Денешниот ден на „Струшките вечери на поезијата“ е во чест на овогодинешната лауреатка, Канадската поетеса и писателка, Маргарет Атвуд. Започна со традиционалното садење на дрво во „Паркот на поезијата“ во Струга, по што следеше читање во нејзина чест.

14095744_1156633247744203_7895245559289608161_n

На почетокот на читањето таа се качи на бината оддржувајќи краток говор и читајќи две свои песни. Песната „Тајни“, во нејзина изведба, можете да ја погледнете во продолжение:

Покрај Атвуд во нејзина чест читаа Руна Светликова, Наџван Дарвиш, Лиан О’Саливан, Џорџ Марио Анхел Кинтеро, Шудип Сен, Хавива Педаја, Чжоу Цан, Стефан Корвин, Нужум ал Ганем, Гојко Божовиќ и Адриан Лека.

14040153_1156638461077015_6409828409627170234_n

Прес конференцијата ја отворија претседателот на Управниот одбор на СВП, Славе Ѓорѓо Димоски, и директорот на СВП, Мите Стефоски, кои го изразија задовоството од присуството на Маргарет Атвуд во Струга.

„Нема поголема чест денеска да имаме еден така значаен автор, кој на полето на литературата е едно од најзначајните светски имиња, кој направил со своето книжевно влијание и својот активизам во рамкните на својата дејност да биде една од најзабележителните и најмаркантните фигури и кој имаме чест оваа година да го видиме во рамките на ова издание на „Струшките вечери на поезијата“,“ изјави Стефоски.

14100530_1156653944408800_663508511480774589_n

Тој исто така зборуваше за важноста на наградата и што таа значи за збогатувањето на македонската книжевна сцена со преводи од таков калибар и за мостовите кои овие преводи ги градат помеѓу јазиците и земјите.

Атвуд накратко се обрати кон публиката пред започнувањето на прашањата од новинарите и другите присутни, велејќи дека е оодушевена од тоа како е примена во Струга и во Македонија, нагласувајќи дека сите кои досега ги запознала биле многу љубезни и пријателски настроени.

14079568_1156639757743552_6647657995358895908_n

Прашањата беа разноврсни опфаќајќи голем број теми и проблематики како ширењето на литературата од малите земји низ светот и нејзиниот превод, темите во нејзиното пишување, тешкотиите со кои се соочила и успесите кои ги имала во нејзината кариера итн.

„Подеднакво ми одговараат и поезијата и прозата. Кога пишувам поезија сум фокусирана на неа и сум поетеса. А кога пишувам романи, тогаш сум романописец,“ одговори Атвуд на едно новинарско прашање.

За наградата „Златен венец“ Атвуд вели дека е голема чест и дека била изненадена, но и задоволна со тоа дека била избрана како лауреат, со оглед на листата на поети кои ја добиле во минатото. Неколку пати се пошегува дека „најпрво го добиваш „Златниот венец“, а потоа умираш.“

14046051_1156655174408677_263473628273727014_n

Шансата да се чујат поети од целиот свет, заедно со превод на нивните песни, е уникатна и таа се радува што се посветува толку внимание на поезијата кога во светски рамки поголемиот фокус е ставен на романите. „Тоа е случај во помалите земји, поезијата е поважна отколку во земјите кои имаат огромни издавачки империи. Така беше и во Канада пред да се развие издавачката индустрија. Порано издававме повеќе поезија бидејќи беше пократка, а со тоа и поефтина од печаењет на роман.“

На прашањето дали постои рецепт за да се стане голем автор, таа одговори: „Не постои. Има одреден елемент на среќа во сето тоа, но секој пистаел мора пред се да работи, да вежба и да пишува. Другиот дел од сето тоа е издаваштвото. А на крајот доаѓа и читателската публика. Многу важна е шансата за издавање, нешто што во денешно време писателите го создаваат сами преку Интернет, а важна е и комуникацијата со публиката, која интернетот исто така ја овозможува.“

14046037_1156655574408637_6012041441035775869_n1

За нејзините успеси вели дека не смее да зборува, бидејќи е Канаѓанка и во Канада не се вели дека си успеал, туку дека не си поминал толку лошо. Предизвиците ги поврзува со критичарите и старосната разлика меѓу нив и писателите. „Кога си млад, критичарите се постари од тебе. Тие или ќе си речат, ова е надежна млада личност, ајде да ја „уништиме“ или ќе си речат талентирана млада личност, ајде да ја поттикнеме. Најтешкиот период е кога си на иста возраст со критичарите. Тоа е најтежок период за писателите. Веќе не си ветувачка млада личност, но не си ни стар и почитуван автор. Потоа критичарите се помлади од тебе и ќе речат за тебе или бескорисно старо бабиште или слатка мала бабичка. Јас тежнеам кон второто – им делам колачиња, ги фалам и сл.“ За промената вели дека е важна и дека ако не се менуваш си всушност зомби.

14040022_1156639627743565_1529110134247644778_n

Смета дека литературата денес не во опаѓање, напротив таа напредува и имаме се повеќе луѓе кои пишуваат и издаваат и ги користат можностите кои ги нуди модерната доба. Тоа не значи дека се продуцираат квалитетни книги, но се пишува и има читателска база која ги купува тие книги. Вели дека може да создадеш добра книга, која ќе биде популарна, лоша книга, која ќе биде популарна, добра книга, која нема да успее и лоша книга, која нема да успее. Најважно е да се избегне последното. Анегдотски додава дека еднаш еден француски критичар со презир ја прашал: „Значи ти пишуваш бестселери?“ А таа му одговорила: „Не по мој избор.“

Креативната енергија оддржува со „кофеин, рокови и очај – по тој редослед.“ Ги избегнува прашањата за тоа кои и се омилени автори и која книга од тие кои ги напишала и е најдрага, бидејќи според неа е неблагодарно да се бира и може некој автор или некое од нејзините дела да и се налути.

IMG_1398.JPG

За една мала литература да стане позната важни се преводите. „Важно е да имаш добар преведувач. Или пет. Или дваесет.“ Со тоа добрата литература би останала квалитетна и на другиот јазик. Во ширењето на помалите литератури помагаат интернационалните агенти и скаутите, кои бараат квалитетни дела кои би можеле да се преведат. Најлесно се допира до интернационална публика преку Франција и Британија. Французите се особено отворени кон преведување на странска литература, иако подоцнежните преводи од француски на други јазици можат да бидат чудни.

За неа читателите се тие кои треба да кажат колку нејзината литература влијаела на нив и писателот не може да зборува во нивно име. Како нејзини големи влијанија ги наведува митологиите на Грција и Европа, како и северно-американската митологија и легендите кои се врзуваат со неа.

Зборуваше и за разликите помеѓу литературата на Канада со оние на САД и Британија, на што се надоврза и прашањето за Индија и индиската литература, како и за нејзините идни проекти кои вклучуваат графичка новела и роман, кој е нејзина верзија на „Бура“ од Шекспир.

За Македонија вели дека пред да ја добие наградата знаела малку, но благодарение на интернетот можела да истражи малку повеќе за нас и се радува што ќе има можност подобро да се запознае со земјата и луѓето кои живеат во неа.

По прес конференцијата таа пријателски разговараше со присутните, потпишувајќи ги нивните книги и примајќи подароци од некои од поетите и издавачите.

14064230_1156630391077822_1583360352280036538_n

Интереснен факт  е тоа што и таа, како и сите нас, е голем фан на премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Повеќе фотографии погледнете на Фејсбук страната на „Некој Некогаш Некаде“.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s