15 моќни цитати на Маргарет Атвуд

Маргарет Атвуд, жената која стои позади мистериозно видовитите романи како „Приказната на робинката“ и „Орукс и Крејк“ е толку мудра колку што нејзините приказни се сенишни. Оваа година таа е лауреат на 55тото издание на „Струшки вечери на поезијата“ и ќе гостува во Македонија во рамките на оваа манифестација. По тој повод погледнете ги 15те најдлабоки изјави на оваа авторка, активистка и Твитер ентузијастка.

1. За нејзината лична филозофија 

„Оптимизнот значи подобро од реалноста; песимизмот значи полошо од реалноста. Јас сум реалист.“ –  Интервју за „Гардијан“ (2004)

2. За реалноста на постоењето како жена 

“Мажите често ме прашуваат „Зошто ти се женските ликови толку параноични?“. Тоа не е параноја. Тоа е препознавање на нивната ситуација.” – Интервју за The Paris Review (1990)

3. За ограничувањето на тоа како политиката влијае на нејзините ликови

“Го знаете митот: Оној на кој не му прилегал креветот на Прокруст бил растегнуван или му биле отсечени стапалата. Не сакам ниту да им ги отсечам стапалата на моите ликови ниту да ги растегнувам за да се вклопат во некоја одредена моја точка на гледање.” – Интервју за  Mother Jones (1997)

4. За т.н. „убави“ литературни дела 

“Не знам дали воопшто постојат убави романи…. Сите мотиви кои едно човечко суштество може да ги има, кои се мешани, тоа е материјалот на авторот… Сакаме да се гледаме себеси како навистина добри луѓе. Но погледнете се во огледалото. Навистина погледнете. Погледните ги вашите измешани мотиви. И потоа помножете го тоа.” – Интервју за The Progressive  (2010)

5. За односот на уметникот со фановите 

“Не е нужно уметникот да комуницира. Уметникот евоцира… не е важно како јас се чуствувам. Важно е што уметноста прави вие да чувствувате.” – Интервју за  The Guardian (2004)

6. За предизвиците на пишување стручна литература 

“Кога бев млада верува дека „не-фикција“ (стручна литература) значи и вистина. Но ако читаш историја напишана во 1920 и историја од истите настани напишана во 1995 – тие ќе бида многу различни. Возможно е и да нема само една Вистина – туку повеќе вистини – но да се каже тоа е да се каже и дека реалноста не постои.” – Интервју за  Mother Jones (1997)

7. За поезијата 

“Генезата на една поема за мене се најчесто грст зборови. Единствената добра метафора на која можам да се сетам е научна: потопување на конец/нишка во презаситен раствор за да се формира кристал.” – Интервју за The Paris Review (1990)

8. За називот „икона“

“Сите овие работи поставуваат такви стандарди, коишто не би сакале по секоја цена да ги достигнете. Ако си ставен на пиедестал би требало да се однесуваш како тип на личност за на пиедестал. Пиедесталите имаат ограничена повришина. Нема многу простор за движење.” – Интервју за  The Telegraph (2013)

9. За тоа како сите се раѓаме како пистаели

“Секој „пишува“ на некој начин, секоја личност има приказна – лична нарација – која постојано се повторува, се ревидира, се расклопува и повторно се составува. Значајните точки во оваа нарација се менуваат со возраста на личноста – она на кое што изгледа како трагедија во дваестетите може изгледа како комедија или носталгија во четириесетите.” – Интервју за The Paris Review (1990)

cover-jpg-rendition-460-707

10. За угнетувањето кое се наоѓа во центар на нејзиниот дистописки роман „Приказната на робинката“

“Ништо не ме прави по загрижена од луѓето кои велат „Тоа не може да се случи тука.“ Било што може да се случи било каде, под вистинските околности.” – Од предавање на кадетите во „West Point“ (2015)

11. За раздорот помеѓу мажите и жените 

“„Зошто мажите се чувствуваат загрозени од жените?“ прашав еден мој пријател. „Се плашат дека жените ќе им се смеат,“ рече тој. „Дека ќе го поткопаат нивниот светоглед.“ Потоа прашав неколку мои студентки кои го посетуваа мојот семинар за поезија „Зошто жените се чуствуваат загрозени од мажите?“ „Се плашат дека ќе бидат убиени,“ рекоа тие.“ – Од книгата Second Words: Selected Critical Prose, 1960-1982

12. За предизвиците на изразувањето 

“Сите писатели се погодени од ограничувањата на јазикот. Сите сериозни писатели.” – Интервју за  The Paris Review (1990)

13. За „селфи“

“Јас велам дека треба да уживаат во тоа додека можат. Подоцна во животот ќе бидете среќни што имате слики од времето кога сте изгледале добро. Тоа е во човечката природа. И не е добро пуритански да се вели „О, не треба да го правите тоа“, бидејќи луѓето сепак ќе го прават.” – Интервју за The Telegraph (2013)

14. За вреднсота на популарните серијали за деца („Хари Потер“ и „Перси Џексон“)

„Тоа научи многу деца да читаат; го направи читањето кул. Сигурна сум дека многу подоцнежни книжевни клубови произлегоа од тоа искуство. Оставете ги луѓето да почнат таму каде што се наместо да се преправаат дека се нешто друго или да чувствуваат дека треба да се нешто друго.“ – Интервју за  The Huffington Post (2014)

15. За тоа како и најмрачните пост-апокалиптични романи се, длабоко во себе, полни со надеж

“Секој роман е надежен од тој аспект што претпоставува дека ќе постои читател. Всушност надежен акт е да се напише било што, бидејќи претпоставувате дека некој ќе биде тука да го прочита.” – Интервју за  The Atlantic  (2011)

Извор: MentalFloss

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s