Том Хиделстон чита од „Ноќниот управник“

„Ноќниот управник“ од Џон ле Кар е шпионски трилер полн со неизвесност. Тој е темен, смел и навистина забавен. Актерот Том Хиделстон, најпознат по улогата на Локи во „Одмаздниците“, има смирувачки и заводлив глас кој е совршен за читање на „Ноќниот управник“. Тој исто така го игра Џонатан Пајн, главниот лик во оваа книга во нејзината адаптација (BBC One/AMC).

the-night-manager-free-tv-zdf-montagskino-tomhiddleston-hughlaurie

Гардјан“ го покани Хиделстон да чита од „Ноќниот управник“ и мораме да признаеме дека тоа што произлезе е одлично. Поводот за оваа покана е првиот мемоар на Џон ле Кар (исто така автор на Tinker Tailor Soldier Spy), „Гулабовиот тунел: приказните од мојот живот“. Хиделстон се  придружи во чествувањето на последната книга на ле Кар од страна на „Гардијан“.

Авторот водел фасцинантен живот, сличен на многу од ликовите кои ги има создадено во кариерата. Пред да пишува романи, ле Кар работел за Secret Intelligence Service и за Безбедноста служба. За „Гардијан“ изјавил дека ќе открие многу повеќе за неговиот „таен свет“ во неговиот мемоар. За неговите романи, ле Кер изјавил: „Од тајниот свет кој некогаш го познавав се обидов да направа мтеатар за поголемите светови кои ги наслеуваме“. Неговиот агент, Џони Гелер, рекол дека „Гулабовиот тунел“ ќе „отклучи некои од мистериите од неговите книги“.

Погледнете го читањето на прекрасното читање на Хиделстон:

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s