Седум нови адаптации на книгите на Агата Кристи

По одличниот успех на адаптацијата на „Десет мали црнци“, со Ејдан Тарнер и Мејв Дермоди, BBC објави дека во план е снимање на седум нови адаптации на книгите на познатата писателка на романи мистерии, Агата Кристи.

На почетокот на овој месец беше најавено дека екранизацијата на „Сведокот на обвининението“ е веќе започната. Се работи за драма во два дела со Ким Катрал и Тоби Џонс во главните улоги. Потврдени се и уште три наслови – „Несреќата на невините“, „Азбучните убиства“ и „Смртта доаѓа на крајот“ – кои наскоро ќе ги видиме на малите екрани. Познато е и дека Сара Фелпс, сценаристката која работеше на „Десет мали црнци“ и сега работи на „Сведок на обвинението“, ќе биде дел и од екипата на „Несреќата на невините“

Agatha Christie, surrounded by some of her 80-plus crime novels.

Зборувајќи за новиот договор со BBC, Хилари Стронг, директорката на Agatha Christie Limited, страсно изјави: „„Десет мали црнци“ беше врвот на божиќната програма на BBC и сите сме навистина задоволни што ќе продолжиме да „градиме“ на успехот на првата серија, најпрво со „Сведокот на обвинението“, а потоа и со адаптацијата на седум други легендари наслови на Агата Кристи.“

„Она што Сара Фелпс донесе „Десет мали црнци“ е нов начин на интерпретирање на Агата Кристи за модерната публика и ние сме пресреќни што можеме да ја врземе оваа психолошки богата, висцерална и модерна сензибилност со други класични дела на Кристи за новата генерација фанови.“

Изгледа дека во последно време светот има еден вид љубовна афера со Агата Кристи, бидејќи „Сведок на обвинението“ ќе го видиме и како филм во режија на Бен Афлек, кој исто така и ќе глуми во него.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s