Ја „уби“ ли интернетот печатената книга?!

Дури и со Фесјбук, Нетфликс и другите дититални уреди кои постојано ни го одлевкуваат вниманието, апетитот на Американците за читање книги – оние кои всушност се држат в рака – се нема намалено во последните години вели една студија направена од Pew Research Center.

Шеесет и пет проценти од возрасните во САД рекле дека имаат прочитано печатена книга во последната година, а истиот процент го изјавил тоа и во 2012. Ако на таа бројка ги додадеме е-книгите и аудио книгите, бројот се издига на 73%, наспроти 74% во 2012. 28% изјавиле дека се одлучиле за читање е-книги, а 14% слушале аудио книги.

Ли Рејни, кој е одговорен за истражувањата поврзани со интернет, наука и технологија во Pew Research, вели дека ова истражување ја докажало издржливоста на печатените книги.„Мислам дека ако се навратите назад десетина години ќе видите луѓе кои мислеа дека поради подемот на е-книгите деновите на печатената книга се изброени, а нашите податоци не го покажуваат тоа.“

books-vs-ebooks-protect-environment-simple-decision

Бројот на луѓе кои читаат е-книги останува константен, но начинот на кој ги конзумираат тие книги се менува.

Оваа студија, базирана на телефонска анкета во која биле прашани 1 520 возрани од 7 март до 8 април, покажува дека луѓето користат таблети и паметни телефони за читање книги. 13% изјавиле дека читаат на паметните телефони, што покажува покачување од 5% од 2011. Слично е и со таблетите: 15% ги користат сега, што покажува покачување од 4% од 2011.

Додека 6% рекле дека читаат само во дигитален формат, 38% изјавиле дека читаат само печатени книги. Но 28% читаат комибирано – како печатени така и дитигални книги – што покажува дека незаситните читатели не дискриминираат кога бираат во кој формат ќе читаат.

„Тие сакаат книгите да им се достапни каде и да се,“ вели Рејни. „Ќе читаат е-книги во преполн автобус, ќе се раскомотат со печатена книга кога ќе имаат време за тоа, а пред спиење ќе читаат на таблет.“

Извор: New York Times

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s