Астални поезии во чест на третата сезона „Астални Проекции“

Денес во „Менада“ во 20 часот започнува третата сезона на „Астални Проекции“. Таа ќе биде храм на поезијата по XXII пат, а ќе имаме можност да ги погледнеме следниве поети и поетеси:

Владимир Лукаш
Афродита Николова
Андреј Ал-Асади
Даница Ивановска Лепојевиќ
Александар Маџаровски
Маријана Јанческа
Даниел Карески
Слаѓана Атанасова
Марина Узунов
Борјан Стојков
Марјан Наумов

Музичка поддршка ќе имаат од dj xhoksi peer4e.

Во чест на третата сезона повелете по една песна од најдрагите водители Ана Гојлешка и Ѓоко Здравески.

Куќичка за птици-преселници – Ѓоко Здравески 

моето лево рамо
е лулашката
од твојот сонcouples-silhouette-in-the-sunset-photography-mobile-wallpaper-1080x1920-3918-2314238994

во неа го преспиваш
утринското молчење на старците
што пијат кафе по терасите

солитерот ни го затскрива
сонцето
или нас нѐ сокрива од него

стапалата
отсокриени се гушкаат
на дното од креветот

прозорецот ширум отворен
голтнал партал небо
распарано од
среќа избројана до десет

во аголот
пајак-бродоломник
крои планови
за нов дом

нашиот е
куќичка за птици-преселници

ние сме
бротче од хартија среде потоп
кое копнее
по копно

На кафе во Горки (самотијата е мајка) – Ана Гојлешка

Го остварувам градот
во него сум изложена
на сите негови убавини и грдотија
12115768_831742186922925_8609543343038599116_nго оставам да помине крај мене,
како некој со кој би се знаела некогаш
но, не би биле заедно.
Го остарувам градот, му давам минута до две од својот живот,
– да му помине лекарска контрола, да му се запре малку здивот
Измери му притисок – му велам
На овој крвоток со години што те вози во љубов без сомнеж
ЕГКто е уредно. Добро е. Има се’ што едно тело може да преживее.
Го оставам градот, сам да се напише
сам да си се надише, да си го склупчи клопчето нерви
Еден сончев ден, ќе го одмотаме заедно,
но со различни тежини по џебовите
Ти без љубов.
Јас без пари.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s