Маргарет Атвуд за значењето на поезијата

Традиционално, од 1967, поетскиот протрет на добитникот на наградата „Златен Венец“ се случува во црквата „Св. Софија“ во стариот дел на Охрид. Оваа година имавме можност да го проследиме поетскиот портрет на канадската поетеса, есеистка, книжевна критичарка и активистка, Маргарет Атвуд. Таа оддржа моќен говор во кој зборуваше за поезијата и значењето кое таа го има.

„Па да ја разгледаме поезијата. Што мислиме кога го изговараме зборот поезија? Посојат различни зборови на различни јазици, но со текот на времето на зборовите им се менува значењето. На пример, Платон сакал да ги протера поетите од неговата идеална држава бидејќи мислел дека кажуваат лаги и бидејќи привлекувале делови од душата кои тој ги сметал за поневредни – емотивните и инстинктивните делови, за разлика од тоа што го сметал за рационален дел. Во право бил за тоа дека поезијата се однесува на целото човечко битие. Не бил во право што мислел дека чувствата можат да се одделат од разумот. Сега знаеме дека се спојуваат кај колкот. Оние чија мозочна функција за носење одлуки била одделена од нивниот емотивен центар не ни можат да донесат одлука, дури ни каков сладолед сакаат, оти се неспособни да сакаат или не сакаат – се обидуваат да го одговорат прашањето преку размислување, а не постои разумно објаснување зошто ванилата е подобра од чоколадото.

Значењето на „поезијата“ кај Платон не се однесува само на употребената форма, и не само на фигуративниот јазик – туку и на приказните кои ги раскажувале поетите – нивната способност да создаваат и толкуваат митови. Поезис, се знае, е грчки збор што значи „создава“. Поетите биле создатели, а Платон не го одобрувал она што го создавале.

14184506_1035082786587233_8939328842530533796_n

На англиски зборот „поезија“ има неколку значења – некои не толку позитивни како другите. Ќе зборувам за три од овие значења.

1. Поезијата може да значи вишок на зборови или китење со украси. Затоа во гангстерските филмови некој мангуп може да рече, „Батали ја поезијата. Скрати малку,“ а тоа да значи „да преминеме на главното“. Во средно училиште ни бараа да направиме кусо резиме од секоја песна што ја учевме. Инструкциите на тестот беа „со двесет и пет зборови објасни што сакал да каже поетот?“. Тоа оставаше впечаток дека на поетите им било тешко да се изразат. Барем малку да се сконцентрирале, би можеле да ја пренесат „пораката“ – војната е пекол, љубовта е супер, мачките се убави и сл. – без да ја трупаат страницата со целиот тој вишок зборови.

Секако тука поентата е сосема промашена. Тоа што поетот се обидел да го каже е токму тоа што и го кажал, вклучувајќи ја сложеноста од каде што произлегува повеќезначноста на вкупниот збир на неговите или нејзините зборови. Како што вели поетот Семјуел Тејлор Колриџ, поезијата ја чинат „најдобрите зборови во најдобриот редослед“.

2. „Поезијата“ може да значи книжевна форма или форми. Традиционално – и во повеќето западни култури – таквите форми се служат со метрика и рима. Но некои јазици, како јапонскиот, не го следат истиот пример, за тоа што метриката и римата не одговараат на самиот јазик. Наместо тоа, користат други видови на матрици. И во „слободниот стих“ матрицата веројатно вклучува внатрешна рима и повторување на слогови или зброови. Може да се каже дека поезијата користи стегната матрица – „збиен говор“ – на еден или друг начин.

Таквата дефиниција за поезијата не кажува ништо за темата. Тоа што формата постои не гарантира дека ќе се користи за цели кои би ги сметале за благородни. Поезијата може, а и се користи за кавгаџиски пропаганди, за клевети, за остварување на политички агенди. Можам да го замислам Платон како кима со главата и вели „кога ви реков“.

3. Третото значење на поезијата, на англиски, ја разгледува духовната и уметничката вредност на поетскиот предмет. Тој предмет не мора да е песна. Може да е зајдисонце, вешто изведен спортски потег како во хокеј или фудбал, или момент во некоја друга уметност, како балет или пеење. „Чиста поезија“, ќе си рече човек, мислејќи дека тој предмет или момент се издигнува над нивото на некава обична проза, се до светот на необјасливото. Може да се однесува како некоја божественот или магија.

Секако тоа е она што сите поети сакаат да го постигнат, барем понекогаш. Возвишен израз на сета човечка душа.

14188551_1035083343253844_4261544516010366043_o

Но понекогаш, поезијата е едноставно обид да се каже вистината. Да се засведочат злосторите, катастрофите. Да се опише светот онаков каков што е, или каков што наскоро може да биде. А таквата поезија на поетите често им предизвикувала тешкотии во нивните времиња или простори. Како што смета Шели, поетите може се непризнаените законодавци на светот, а на признаените законодавци не секогаш им се допаѓа тоа. Историјата е преполна со мртви поети, а сите од нив не умреле од природна смрт.

Зошто воопшто моќните владетели би се грижеле за тоа што имаат да кажат немоќните поети? Затоа што зборовите навистина имаат моќ – сепак тие се нашата најстара човечка технологија – а поетите се вешти со зборови.

#

Во најдобра случај, песните отвораат затворени врати. Се сретнуваат со другиот, во природата, со луѓе различни од нив, и пеат за величењето и опасностите на такви средби. Влегуваат во темната шума на очајот. Слегуваат со Данте и Вергилиј во подземјето. Се враќаат со богатства – понекогаш двосмислени богатства – но дали навистина морале да ни кажат за ужасните скриени во замокот на Синобрадиот? – но се работи за богатства во секоја случај – и тие богатства ни ги даваат нам. Ако го прифатиме подарокот, мораме да ги искористиме тие богатства.

Поетот ја кова песната со музика и говор, а потоа таа онемува. Лежи неподвижна, чека, додека не ја најде некој слушател, или читател. Тој читател е оној кој ќе ја врати песната повторно во живот.“

Целиот говор на англиски можете да го прочитате на Версеполис.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s