Петочна поезија: „Љубовни Сказни“ – Лиан О’Саливан

Лиан О’Саливан е родена во 1983 година на полуостровот Беара во западен Корк. Магистрирала англиски јазик при Универзитетот Корк во 2006 година. Освоила прво место на неколку ирски поетски конкурси во нејзините дваесетти години. Има објавено три збирки во издание на Bloodaxe, Чекајќи ги моите алишта (2004) и Калиеа: Вештерката од Беара (2009), за која ја добила наградата за ирска книжевност – „Руни“ во 2010 година и Патот на рудата во (2013) година. Во 2009 година ја добила наградата Ireland Chair of Poetry Bursary Award, во 2011 година ја добила наградата Lawrence O’Shaughnessy Award за ирска поезија, а во 2012 година ја добила наградата UCC Alumni Award. Нејзината поезија е вклучена во разни антологии, меѓу кои и Новите ирски поети на Селина Гинис (Bloodaxe Books, 2004) и Поезија 180 на Били Колинс: Враќање кон поезијата (Random House, 2003). Била на поетски престои и читања во Франција, Индија, Кина и Америка. Моментално предава креативно пишување на Универзитетот Корк во Ирска. (Извор: СВП)

leanne-osullivan-photo_1

Љубовни Сказни

А кога се карале, татко ми кажуваше,
во собите полни природна, вештачка светлина, тој
налактен во церемониите на весниците,
звукот се состоел од нејзините удари при
затворање на креденците, на влезната врата,
на чашите и чиниите скршени во длабокиот мијалник
како ненадеен порој на град.
Тој ги вртел страниците многу споро,
за да не ја вознемири, водејќи сметка за ножевите
каде компири со путер уште го декорирале сечивото.

И штом загледан над крајот од весникот
мирно понудил, „А чекан ќе ти заврши работа?“
па целата работа почнувала одново.
Три дена и три ноќи шарки го превртувале
светот, мекиот малтер се ронел некаде
долу зад креденецот, а од под стреите
сколовранците спраштувале од гнездото и летале во уплав
и го кревале аглестиот кров како светлечки пламен.

Превод: Горјан Костоски

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s