Хемијата позади мирисот на книгите [инфографик]

На сите ни е познат мирисот на стари книги, тој чудно омајувачки мирис коj ги опседнува библиотеките и антикварниците. Исто така мислам дека нема некој кој не ужива во листањето на новокупената книги и вдишувањето на аромата составена од нова хартија и свежо испечатено мастило. Потеклото на овие мириси може да се проследи наназад до одредени хемиски супстанци.

Кога се работи за мирисот на новите книги, навистина е тешко да се одредат конкретните соединенија, од повеќе причини. Најпрво бидејќи има недостаток од научни истражувања кои биле спроведени на оваа тема. Како второ варијација на хемикалиите  кои се користат за произведување на книги значи декамирисот ќе варира од книга до книги. Додајте го на ова фактот дека во целиот процес се вклучени илјадници соединенија и станува јасно зошто не може да се ограничи созадавњето на мирисот на мал број хемикалии.

Најголеми фактори во мирисот на новите книги се (веројатно) хартијата на која се испечатени, мастилото кое било користено за печатење и лепилото кое било користено при укоричувањето. 

books_wallpaper_579hf2

Мирисот кој доаѓа од старите книги е многу повеќе истражуван. Причината за тоа е што бил истражуван како потенцијален метод за проценување на состојбата на старите книги преку мерење на концентрацијата на различните органски соединенија кои ги испуштаат. Затоа тука сме посигурни за соединенијата кои придонесуваат за овој мирис.

Генерално се работи за хемиско распаѓање на соединенијата во хартијата. Хартијата содржи во себе целулоза и помала количина на лигнинг (помалку во модерните отколу во книгите од пред 100 години). Кај дрвата лигнинот помага да се врзат целулозните влакна, што го прави дрвото цврсто. Лигнинот е и причината зошто хартијата пожолтува со текот на времето – оксидациски реакции го разложуваат на киселини, што потоа помага да се разложи и целулозата.

Мирисот на старите книги доаѓа од оваа хемиска деградација. Иако модерната хартија содржи многу мал процент на лигнин, разложување на целулозата се уште може да се случи (но многу поспоро) поради присуството на киселини во колината. Овие реакции произведуваат голем број на испарливи органски соединенија, кои можат да придонесат за мирисот на старите книги, како на пр. ванилин кој произведува мирис сличен на ванила, бензалдехид произведува мирис на бадем итн.

За одредување на деградацијата на книгите се користи и фурфурал, кој се користи и за одредување на старост и составот на книгите. Книги објавени по средината на 19 век испуштаат повеќе фурфурал.

За крај погледнете го овој инфографик кој сето ова го склопува во еден прекрасен визуелен формат:

0-c2np4sukthahkw4u

Извор: ElectricLit / CompoundInterest

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s