Петочна поезија: „Ситуација со кафе“ – Јан Лауверајнс

Јан Лауверајнс (Белгија, 1969) е поет и научник. Како невронаучник ја проучува свесната контрола на внимание. По докторирањето на Католичкиот универзитет во Леувен, живеел на повеќе места пред конечно да се пресели во Јапонија каде што работи како професор на Факултетот за уметности и науки на Универзитетот Кјушу. Лауверајнс има објавено повеќе од дваесет книги поезија на својот мајчин јазик–холандски како и на англиски и јапонски, вклучувајќи заеднички проекти со Лео Вроман, Аркадиј Драгомошченко, Кивао Номура и Мајкл Палмер. Добитник е на бројни награди и номинации за своите дела на холандски, меѓу кои и наградата за поезија VSB во 2012. Лауверајнс е ко-уредник на белгиското книжевно списание DW B. (Извор: СВП)

13892331_108456579603474_5420385607330677100_n

Ситуација со кафе

Седењето надвор секогаш беше лоша идеја.
Пот почнуваше да капе од бакенбардите.
Тој, хирург со отворено срце, мораше да дознае
веднаш, Што е испораката?
Носталгија? Сингапур?
Сркајќи од дуплото еспресо.

Па, таа, музата, кликна на стрелката,
Воведниот алгоритам почна, Гледаме
модернизација, огромни чекори направени,
и додека зборуваме, таа се стаписа, некој
некаде сигурно веќе користи енергија од лет на бубачки.
Знаете, оние големите.
Децата ги сакаат,
а можат и многу да се корисни,
опремени со уреди за нано-снимање.

Мили малечки нула-нула-седумчиња, а?
Интересно, кимаше публиката,
Кофеинот веќе делува, или влагата.

Келнерот почна да се смее неконтролирано.
Експериментот заврши.

Превод: Ана Топенчарова

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s