Забранетите книги низ историјата [инфографик]

Низ историјата безброј дела се соочиле со цензура и забрани во многу земји од различни причини – политички или во многу случаи, едноставно смешни. Овој инфографик ни дава приказ на дел од познатите книги кои биле забранувани во текот на историјата и кои се забранети денес, прикажувајќи ги и, меѓу другото, фактите за бизарните забрани на безопасни дела.

Меѓу најинтересните забрани е онаа на „Животинска Фарма“ од Џорџ Орвел во Куба (критика на комунизмот), Кенија (критика на корумпирани водачи), Кина (забранета на англиски, а цензурирана на кинески) и Обединети Арапски Емирати (содржини кои се косат со исламската вера).„Сатанските стихови“ на Салман Рушди пак е забранета во повеќе од 20 земји поради религиски причини. Забранувани биле и „Библијата“, „Повикот на дивината“, „Одвеано со виорот“, „Лолита“, а од 2003 во Либан и „Кодот на Да Винчи“.

Во училиштата пак биле забранувани и „Хари Потер“ (во некои христијански училишта во Велика Британија), „Самрак“ (кратко забранета во некои основни училишта во Австралија) и „Ромео и Јулија“ (верзијата од едцијата „Шекспир без страв“ поради теми поврзани со секс).

Бизарни и смешни причини за забрана се поврзани со „Пајажината на Клементина“, која била забранета во Канзанс бидејќи сметале дека зборувањето на животните е неприродно и богохулно, „Таму, каде што се дивите нешта“, која била “обвинета“ за глорифицирање на гневот кај младите момчиња, и „Волшебникот од Оз“, за која се сметало дека нема никвава корисна вредност за тогашните деца и ги прави плашливи.

0-ygfdfxj-ppswfbbu

Извор: ElectricLiterature

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s