Петочна поезија: „Граматика“ – Шудип Сен

Помеѓу наградуваните книги на Шудип Сен се вбројуваат: Испратена Индија: Нови и избрани песни (ХарперКолинс), Дожд, Арија (Награда за превод на А.К. Рамануџан), ХарперКолинсова книга на англиската поезија (уредник), Фрактали: Нови и избрани песни / Преводи 1980-2015 (London Magazine Editions) и ЕроТекст (Vintage: Penguin Random House). Во подготовка е и СинАкт: Нови песни и Ексфразис (Меѓународна поетска награда Хорхе Заламеа). Делата на Сен се преведувани на над 25 јазици. Негови дела се објавувани во многу престижни книжевни списанија и весници. Најновите дела на Сен се појавуваат во Ново писмо 15 (Granta), Јазик за новиот век (Norton), Лила: Еротска игра на стихови и уметност (Collins), Индиска љубовна поезија (Knopf/Random House/Everyman), Преку граници (Bloodaxe), и Зачеток: Ново писмо на Оксфорд (Blackwell). Тој е главен уредник на AARK ARTS и уредник на Атлас. Сен е првиот Азијат почестен да говори и чита на Неделата на нобеловци. Владата на Индија го има наградено за посебни заслуги меѓу „истакнатите личности во полето на културата/литературата“. (Извор: СВП)

sudeep-sen-photo

Граматика
 
таа нема англиски;
усните заокружени / во вик
краснопис на вените…
– МЕРЛИНДА БОБИС, „Прва Вечер“
 
Синтаксава моја, закована јако –
се мачам да ја ослободам,
да ја ослободам од формалноста,
од мојот јадец
желен за сок – длабоката срцевина,
мускул и кожа.
 
Реченицата конечно изустена –
Алчен сум за долги развлечени
самогласки, за согласки што
посакуваат страст, ткиво, мозоче.
Гладен сум за љубов,
задоволство, за лет,
 
за приказ вечно што се лее – зборој.
Една запирка решава да (ú се) намести
(на) една точка… елипсите запираат, да одразат –
една фраза решава да не ги открива
своите мисли после сé – елипсите и
точка-запирките се чуден спој во кревет.
 
Краснопис на вени и зборови
си сака мастило, мастило на здивот,
на крвта – крвни зрнца забрзани
повеќе од бајраче на сериф…
нерешената приказна на нашиот живот
во брз воз без попатни станици.
 
Копнеам само по курзивни елипси…
англискиот ми е другиот, другиот
е навистина англиски – таа нема англиски;
усните заокружени / во вик –
овални, полни, суптилни, граматика –
накиснати, втиснати букви од стакло.
 
Превод: Ана Топенчарова
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s