Четири методи за избор на вашата следна книга

Секогаш има еден вид затишје помеѓу завршувањето на една книга и почнувањето на следната. Може да е кратко, но може и да трае со денови доколку книгата која штотуку сме ја завршиле била моќна книга со силна порака. Но секогаш неизбежно доаѓа моментот кога повторно ќе погледнеме во купот на книги кои чекаат да бидат прочитани, било тоа на нашата маса или во некој од нашите електронски уреди, и ќе се запрашаме: која книга треба следно да ја прочитам?

Dana Staves пишува за четрите методи на избирање на следната книга за читање според нејзиното лично искуство.

e795b66312880e7095ee188fc83a5058

1. Методот „Шарлот“ или „двојно закажување“

Си беа еднаш на Менхетен четири жени кои беа пријателки, беа коктели, излегуваа со мажи и се обидуваа да го најдат својот пат. Едната се викаше Шарлот и Шарлот очајно сакаше да најде вистинска љубов. Меѓутоа таа мислеше дека времето не е на нејзина страна па затоа почна двојно да закажува – два состаноци со двајца различни мажи во една вечер.

Во светот на книгите понекогаш го применуваме овој метод со тоа што читаме две или три (или пак можеби и четири) книги паралелно, читајќи неколку поглавја од едната пред да го освежиме карминот и да преминеме на другата. И најдоброто нешто: ако најдеме вистинска љубов додека го правиме ова, никој нема да не осуди и ничии чувства нема да бидат повредени.

2. Методот „Златка“ 

Сите ја знаеме приказната за Златка и трите мечки: Златка случајно наоѓа една прекрасна мала колипка и таму ја пробува кашата, ги пробува столиците и креветите, барајќи ги оние кои се соодветни за нејзе.

Методот Златка вклучува слична методологија: бираме одреден број на книги и преку читање на однапред одреден дел – страница, поглавје и сл. – доаѓаме до таа книга која најмногу ни одговара во тој момент.

books

3. Методот „Снегулки од трици“

Ако следењето на читачкиот „центар за задоволство“ не оди, можеме да го искористиме методот „Снегулки од трици“ – така наречен бидејќи ова храна е добра за нас, полна со влакна и витамини, па истото го применуваме на книгите.

Се работи за бирање на книга која не само што е интересна за читање, туку е и добра за нас. Тоа може да е книга од средно, која никогаш не стигнавте да ја прочитате (пр. „Злосторство и казна“) или пак филозофска книга, која сте ја купиле импулсивно во некоја антикварница. Тука секако спаѓаат и класците како „Ана Каренина“, „Војна и мир“, „Оркански височини“ итн.

4. Методот „Летна романса“

Летните романси се минливи, спонтани, полни со страст и возбуда. Кај нив не се работи за љубов која трае и градење на врска, туку за сонцето и песокот, но и за еротиката.

Овој метод е целосно спротивен на методот „Снегулки од трици“ и тука треба да изберете книга која вообичаено не би ја читале или пак едноставно книга од некој „полесен“ жанр како романса, трилер или мистерија. Туку не се работи за нешто што ќе трае и ќе остане подолго време со вас, туку едноставно за забава и уживање. Овој метод е најкорисен кога едноставно сакате да се одморите и да го пуштите мозокот на пасење.

Извор: BookRiot 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s