Фактите позади фикцијата: 10 парови на историски книги

Историската фикција станува се попопуларна во последните години. Нурнувањето во една ера која е зад нас и доживувањето на неа низ очите на ликовите кои го „живееле“ тоа време е навистина посебно искуство. Многу често по читањето сакаме да дознаеме повеќе од тоа што навистина се случувало во тоа време. Затоа погледнете ги овие парови на книги од историска фикција и документаристичка литература.

1. Последното кралство од Бернард Корнвел / Добата на Викинзите од Андерс Винрот

The Last Kingdom by Bernard Cornwell The Age of the Vikings by Anders Winroth

Книгите од серијалот „Саксонските приказни“ на Бернард Корнвел се епска викиншка приказна сместена во 9тиот и 10тиот век. Приказната го следи Ухтред, благородник кој бил заробен како дете и одгледан од Данците. „Добата на Викинзите“ е совршен вовед во викиншката исотрија. Ја истражува нивната култура, религија, уметност, литература и политика.

2. Белата Кралица од Филипа Грегори / Војната на розите од Ден Џонс

The White Queen by Philippa Gregory The War of the Roses by Dan JOnes

„Белата кралица“ на Филипа Грегори ни ја носи приказната за Елизабет Вудсвил, кралицата на Англија за време на Војната на розите. Одличен документарен пристап кон овој историски период има Ден Џонс во неговата книга „Војната на розите“.

3. Преданието на Маварот од Лајла Ламаи / Конквистадори од Мајкл Вуд

The Moor's Account by Laila Lalami conquistadors by Michael Wood

„Преданието на Маварот“ беше финалист за Пулицеровата нагрда за фикција во 2015. Овој роман ги носи читателите на епско патување низ Америка во 16тиот век. Приказната се врти околу Естебанико, марокански роб на млад шпански истражувач. Мисијата на нивната група е да се освои Мексиканскиот Залив за шпанската круна, но гладта, болестта и домородното население полека ги уништуваат, додека не останат само четворица. „Конквистадори“ ни дава преглед на шпанското освојување на Америка.

4. Книгата за ноќните жени од Марлон Џејмс / Приказна за две плантажи од Ричард С. Дун

The Book of Night Women by Marlon James A Tale of Two Plantations by Richard Dunn

„Книгата за ноќните жени“ ја раскажува приказната за Лилит, жена која е родена во ропство на јамајканска плантажа за шеќер и која станува дел од група на жени кои планираат бунт на робови. „Приказна за две плантажи“ ни дава контрастен приказ на животот на плантажите за шеќер во Јамајка и плантажите за памук и тутун во Вирџинија.

5. Господарката шпион од Џенифер Кјаверини / Лажга, Заводничка, Војник, Шпион од Карен Абот 

The Spymistress by Jennifer Chiaverini Liar Temptress Soldier Spy by Karen Abbott

„Господарката шпион“ е возбудлив роман за животот на Елизабет Ван Лу, хероина од Граѓанската војна, која ризикувала се за да украде конфедеративни тајни за време на Граѓанската војна. „Лажга, заводничка, војник, шпион“ е хроника за авантурите на четири жени шпиони за време на Граѓанската војна, меѓукои и Ван Лу.

6. Возљубени од Тони Морисон / Ропство под друго име од Даглас А: Блекмон

Beloved by Toni Morrison Slavery by Another Name by Douglas Blackmon

Трогателната класика на Тони Морисон го истражува психолошкиот пустош како последица на ропството во амерканскиот југ по Граѓанската војна. „Ропство под друго име“ зборува за поробувањето на Афро-Американците во истиот тој период па се до 1940тите.

7. Последната императорка од Anchee Min / Последната имерија на Кина од Вилијам Т. Роу

The Last Empress by Anchee Min China's Last Empire by William Rowe

Во „Последната императорка“ се зборува за доаѓањето на власт на Циси, последната императорка на Кина. „Последната империја на Кина“ ни дава поширок поглед на династијата Цин, која владеела од 1644 до 1912.

8. Птичја песна од Себастијан Фолкс / Августовското оружје од Барбара В. Тухман

Birdsong by Sebastian Faulks The Guns of August by Barbara Tuchman

Модерната класика за љубов и војна на Фолкс се фокусира на љубовната врска помеѓу Стивен Врејсфорд, млад англичанец, и Изабела Азајре, жена на француски сопственик на фабрика. Аферата е прекината кога Изабела ќе забремени, а Стивен ќе биде испратен да се бори во Првата светска војна. „Августовското оружје“ е детално раскажана историја за првиот месец од Првата светска војна.

9. Славејот од Кристин Хана / Равенсбрук од Сара Хелм

The Nightingale by Kristin Hannah Ravensbruck by Sarah Helm

„Славејот“ е приказна за две француски сестри кои се обидуваат да ја преживеат германската окупација за време на Втората светска војна. Помладата сестра се придружува на комунистичкиот отпор, превезувајќи соборени пилоти преку границата на сигурно. „Равенсбрук“ детално го опишува животот во единствениот концентрационен логор направен исклучиво за жени.

10. Црно јаболко од Џоан Крејт  / Исчезнат во Хијаватка од Карла Џоинсон

Black Apple by Joan Crate Vanished in Hiawatha by Carla Joinson

„Црно јаболко“ е приказна за животот на една млада девојка, која припаѓа на домородното племе „Црни стапалки“, и е оттргната од домот. Таа е приморана да оди во еден од злогласените интернати за Американските Индијанци во средината на 20 век. „Исчезнат во Хијаватка“ зборува за неоправданото затворање на домородното американско населние во лудницата Хијаватка во раниот 20 век.

Извор: BookRiot

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s