Пристигна неверојатниот нов трејлер за „Фантастични ѕверки и каде да се најдат“!

Вчера, на EllenTube, беше објавен финалниот трејлер за новиот филм од франшизата „Хари Потер“ – “Фантастични ѕверки и каде да се најдат”.

Трејлерот е околу десетина секунди подолг од претходниот и ни дава малку поголем увид во приказната која ќе ја видиме на големото платно, а чиј главен фокус е борбата за моќ во тајната американска волшебничка заедница. Суштествата на Њут Скамандер не им помагаат на американските волшебници да се скријат од екстремистичката организација “New Salem Philanthropic Society“, која е посветена на уништување на волшебничкиот вид. Добиваме шанса и да видиме голем број од магичните суштества кои се наоѓаат во торбата на Њут.

screen_shot_2016-09-28_at_9-57-52_am-0

Сето ова во трејлерот изгледа моќно, но и прекрасно, а придружено со препознатливата „Хари Потер“ музика предизвикува и многу носталгија:

Глвната ѕвезда на овој филм е Еди Рејмен, кој го игра магискиот зоолог Њут Скамандер, а рамо до рамо со него ќе ги видиме и Езра Милер, Колин Фарел, Рон Перлман, Катерин Ватерстон, Саманта Мортон и др.

Овој филм го значува и сценаристкото деби на Џ.К.Роулинг, која ја „адаптираше“ истоимената придружна книга кон серијалот „Хари Потер“ – издадена во форма на учебник по предметот „Грижа за магиски суштества“.

Не знам за вас ама јас не можам да дочекам да дојде ноември!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s