Објавени номинациите за MTV Best Adria Act

Се приближува доделувањето на MTV EMA наградите, а со тоа и изборот на најдобриот изведувач од регионот. Оваа година за MTV Best Adria Act се номинирани Елементал, Луче, С.А.Р.С, Сидарта и Тони Зен. Оваа година домот на MTV EMA наградите ќе биде Ротердам, Холандија. Церемонијата ќе биде одржана на 6 ноември, а гласањето за Best Adria Act, како и за другите награди ќе се одвива до 5 ноември.

fb-1200x630

Загрепските хип хоп великани Елементал не го криеа одушевувањето поради нивната трета номинација за Best Adria Act: „Навистина сме среќни поради оваа номинација. Оваа година беше неверојатна, а номинацијата само заокружува едно фантастично патување од моментот кога одлучивме самостојно да го издадеме нашиот последен (дупол) албум „Тело“. Одвоивме време и концетрација да направиме албум со кој ќе бидеме 200% задоволно, од првата до последната песна, и изгледа дека сето тоа вроди плод – фантастични рецензии, преполни сали во Загреб и Белград, награда „Порин“ за хит на годината, лето исполенто со настапи насекаде низ регионото – и потоа есента почнува со оваа номинација за Best Adria Act! А годината се уште не завршена! Може ли да биде подобро од ова!“

1474971324elemental_ema2016За младата и талентирана кантавторка Луче ова е прва MTV номинација. „Многу сум среќна и почестена што сум дел од овогодинешните номинации. Големо фала на MTV за се, а вас драги луѓе ве повикувам да гласате за мене и овозможите целата оваа среќа да биде уште поголема.“

1474971329luce_ema_2016

Белградскиот бенд С.А.Р.С трет пат е дел од трката за најдобар регионален изведувач. „Драго ни е што повторно се најдовме во конкуренција за MTV Best Adria Act и се надевам дека во оваа, за С.А.Р.С јубилејна година, ќе успееме да ја крунисаме досегашната работа со освојување на оваа музичка награда.

Словенечките рок легенди Сидарта се првите добитници на MTV Best Adria Act во „дамнешната“ 2005 години. По еден успешен период, следи и признанието во вид на четврта MTV номинација. „Многу сме среќни што сме номинирани. Веруваме дека заслужуваме. Фала MTV!“

Македонскиот рапер Тони Зен прв пат е номиниран за Best Adria Act. По тој повод тој изјави: „Ништо не е случајно. Јас го избрав овој пат. „Свесност будност“ е мојата порака. Фала им на сите кои ме поддржуваат.“

Фотографии во текстот: MTV Promo

Извор: MTV.COM. HR 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s